Јована М. Петревска: „На ќерка ми Софи ѝ беше дијагностициран Даунов синдром 2 седмици по раѓањето - таа е совршена“

Зошто е магично да се има посебно дете? Колку малите работи и напредок ве радуваат?

Секоја мајка за своето дете вели дека е посебно дете. Но, јас за моето ќе кажам дека да се има дете како Софи е голем Благослов од Бога.

Откако се роди Софи, ние како млади и неискусни родители после сè што преживеавме, секој мал успех на Софи го доживуваме како да освојуваме првенство.

jovana-m-petrevska-na-kjerka-mi-sofi-i-beshe-dijagnosticiran-daunov-sindrom-2-sedmici-po-ragjanjeto-taa-e-sovrshena-04.jpg

Како е да се биде мајка на дете со Даунов синдром? Чувствуваат ли луѓето емпатија кон вас?

Да се биде мајка на дете со попреченост, односно дете со Даунов синдром не е ништо поразлично од тоа да се биде мајка на типично дете.

Луѓето околу нас имаат емпатија кон моето семејство, посебно мајките во моето опкружување. Досега од сите имаме огромна поддршка од семејството, пријателите и сме прифатени секаде.

jovana-m-petrevska-na-kjerka-mi-sofi-i-beshe-dijagnosticiran-daunov-sindrom-2-sedmici-po-ragjanjeto-taa-e-sovrshena-15.jpg

Оди ли во градинка? Како е прифатена? Или доколку е дома кој се грижи за неа, кога вие сте отсутни?

Да, Софи редовно од 2-годишна возраст посетува градинка. Прифатена е и од воспитувачките и од негувателките, како и од децата во нејзината група.

Грижата за Софи е само моја и на сопругот, но тука се и нашите две баби, вујко и тета кои со љубов ни помагаат.

jovana-m-petrevska-na-kjerka-mi-sofi-i-beshe-dijagnosticiran-daunov-sindrom-2-sedmici-po-ragjanjeto-taa-e-sovrshena-10.jpg

Има ли Софи некои специфични навики во секојдневието? Што ѝ е омилено?

Софи како и секое друго дете нема некоја посебна специфична навика. Како секое дете на нејзината возраст има потреба од игра, од истражување на нови работи, другарување со нејзините врсници.

Во овој зимски период игротеките ни се слаба страна, долгите игри со најдобрата другарка Ника, боењето и редење на коцки заедно со еден куп играчки денот го прават поубав и исполнет.

Преку секоја игра учиме, вежбаме и истражуваме нешто ново.

jovana-m-petrevska-na-kjerka-mi-sofi-i-beshe-dijagnosticiran-daunov-sindrom-2-sedmici-po-ragjanjeto-taa-e-sovrshena-09.jpg

Најтешки мигови имате кога…

Веќе кажав ние сме борци и храбро прифаќаме сè, но сепак можам да издвојам еден најтежок миг.

Тоа беше за време на операцијата на срцето. Иако знаевме и бевме сигурни дека ќе помине сè во најдобар ред, тие неколку часа и денови за мене и сопругот беа најтешки моменти…

jovana-m-petrevska-na-kjerka-mi-sofi-i-beshe-dijagnosticiran-daunov-sindrom-2-sedmici-po-ragjanjeto-taa-e-sovrshena-08.jpg

Најубави мигови ви се кога…

Тука можам да набројувам со часови - има толку многу што ќе треба време за да ги кажам сите.

Но, можам да кажам дека јас сум мајка и сопруга која е среќна и исполнета со многу љубов и благодарна сум што како најголема поддршка во мојот живот ми е мојот сопруг, без кој многу работи не би биле вака убави и лесни.

jovana-m-petrevska-na-kjerka-mi-sofi-i-beshe-dijagnosticiran-daunov-sindrom-2-sedmici-po-ragjanjeto-taa-e-sovrshena-02.jpg

Која ви е омилена заедничка активност?

Ние сме постојано во некое движење, а Софи е вклучена во сè.

Омилен ни е пред сè периодот кога мојот сопруг е дома после работа и заедничката игра со него е нешто посебно, прошетките, готвењето заедно и правење сладок хаос во кујната ни е омилено.

jovana-m-petrevska-na-kjerka-mi-sofi-i-beshe-dijagnosticiran-daunov-sindrom-2-sedmici-po-ragjanjeto-taa-e-sovrshena-07.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg