„Пред 45 години успеав да ја заведам единствената жена која посакав да ми роди деца“ – Жељко Самарџиќ за бракот и кариерата

Дали во младоста бевте шармер и заводник?

Еднаш слушнав како мојот омилен панонски морнар, Ѓорѓе Балашевиќ, вели: „Сите вистински мангупи страдаат од амнезија“.

Она што е очигледно е дека успеав да ја заведам онаа која е покрај мене 40 и повеќе години. Се обидувам да го задржам тој пламен да не згасне.

А колку сум вешт шармер ќе треба да ја прашаш неа.

pred-45-godini-uspeav-da-ja-zavedam-edinstvenata-zhena-koja-posakav-da-mi-rodi-deca-zheljko-samardjikj-za-brakot-i-karierata-18.jpg

Како би се опишале себеси од тоа време? Дали бевте мирен и повлечен или можеби бевте бунтовник?

Мислам дека имав среќа што мојот покоен татко Миливоје беше офицер со сите квалитети што го красат еден војник на ЈНА.

Дисциплината беше неговото второ име и образовните методи на Миќо понекогаш знаеја да бидат и болни.

Но, сега можам да кажам дека останав на вистинскиот пат благодарение на него и тој страв да не бидам тепан.

pred-45-godini-uspeav-da-ja-zavedam-edinstvenata-zhena-koja-posakav-da-mi-rodi-deca-zheljko-samardjikj-za-brakot-i-karierata-08.jpg

За што најмногу сакате да им раскажувате на внуците од тоа време?

Тие веќе не слушаат со внимание кога дедо ги раскажува своите приказни од младоста, имаат некакви свои интереси.

Постариот Лука неодамна стана полнолетен, а Алекса има 17 години.

pred-45-godini-uspeav-da-ja-zavedam-edinstvenata-zhena-koja-posakav-da-mi-rodi-deca-zheljko-samardjikj-za-brakot-i-karierata-05.jpg

Колку време имате за своите внуци и како го поминувате времето со нив? Дали понекогаш доаѓаат на вашите концерти?

Ние сме семејство кое поминува многу време заедно.

Секако дека секој си има свои обврски, но нема ден да не ручаме заедно.

Тие се редовни посетители на моите големи концерти во Белград, а пред Нова година во салата им се придружи и најмладата внука, Анѓелија, мојата сакана која неодамна наполни една година.

pred-45-godini-uspeav-da-ja-zavedam-edinstvenata-zhena-koja-posakav-da-mi-rodi-deca-zheljko-samardjikj-za-brakot-i-karierata-07.jpg

Колку долго сте во брак? И како сопругата и целото семејство се справуваа со честите патувања и настапи, кога бевте долго време разделени?

Во брак сме 45 години и заедно пребродивме многу убави, но и тешки животни моменти.

Си бевме рамо за плачење, издржавме и се боревме за љубовната среќа и така е од моментот кога посакав моите деца неа да ја викаат „мама“.

Инаку, секоја професија има свои добри и помалку добри страни.

Во еден период морав да работам и да создавам многу, што значеше чести отсуства од дома.

Не е лесно, посебно кога имаш 3 малолетни ќерки. Мојата сопруга носеше голем товар во тие моменти.

Некако заедно влеговме во оваа работа наречена моја кариера, а енергијата и љубовта што потекнуваат од семејниот дом ми значат многу - тоа е ветер во мојот грб.

Има една мудра поговорка која вели дека богат си само кога ќе стекнеш нешто што не може да се купи со пари, а тоа е семејство.

pred-45-godini-uspeav-da-ja-zavedam-edinstvenata-zhena-koja-posakav-da-mi-rodi-deca-zheljko-samardjikj-za-brakot-i-karierata-15.jpg

По речиси 30 години кариера, има ли нешто за што жалите или нешто што би го направиле поинаку?

Ништо не би менувал. Се плашам да не се расипе нешто ако го сменам.

Јас сум среќник кој сигурно некаде и со нешто го заслужил ова.

Секој ја носи својата карма јас тука немам што да додадам.

pred-45-godini-uspeav-da-ja-zavedam-edinstvenata-zhena-koja-posakav-da-mi-rodi-deca-zheljko-samardjikj-za-brakot-i-karierata-10_copy.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / Фото: Инстаграм



Би можело да ве интересира:

Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg