3 начини како да ја искористите кората од лубениците

За ладната, сочна лубеница сите сонуваме кога надвор е пеколно, но дали сте знаеле дека нејзината кора е исто толку здрава и вкусна како и срцевината?

3-nacini-kako-da-ja-iskoristite-korata-od-lubenicite-01.jpg

Зелената кора од лубеницата е полна со витамин Ц, заради кој има кисел вкус. Покрај него содржи и витамин Б кој ви ги одржува косата и кожата здрави.

Откако добро ја измиете од сите нечистотии и пестициди, кората можете да ја користите на 3 начини:

1. Како сок

Исечкајте ја кората на мали коцки  и ставете ја во блендер. Додајте сок од лимон, грејпфрути, портокал, малку мед и измешајте. Ќе добиете освежувачки сок богат со витамин Ц.

3-nacini-kako-da-ja-iskoristite-korata-od-lubenicite-02.jpg


2. Како слатко

Сигурно вашата баба и мајка добро го знае овој рецепт. На 1 kg кора оди 1 kg шеќер, кората се вари 2-3 пати 5 до 8 минути, па во последната вода се става шеќерот и се прави шербет. Се додава лимон исечен на парчиња кога слаткото е при крај, па потоа се лади и става во тегли.

3-nacini-kako-da-ja-iskoristite-korata-od-lubenicite-03.jpg


3. Како пијалак за плодност

Чистиот сок од лубеница содржи голема количина цитрулин, аминокиселина која го поттикнува ширењето на крвните садови и на тој начин ја забрзува циркулацијата во интимниот дел. Доволно е само да ја исечете кората, да ја изблендирате и да додадете малку вода и мед по желба.

3-nacini-kako-da-ja-iskoristite-korata-od-lubenicite-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg