Храна која ќе ви го поправи расположението
Дали знаете дека храната може да ви помогне во борбата против лошото расположение? Ако не сте знаеле тогаш добро прочитајте кои намирници треба почесто да ги консумирате.
Сигурно кога сте биле под стрес утеха сте барале токму во храната. Обично во такви ситуации посегнуваме по слатки, но тоа најчесто е погрешно.
Ако сакате долгорочно да го поправите расположението ова е храната која ќе ви помогне:
1. Јагоди, портокали и манго
Витаминот Ц, кој се наоѓа во јагодите, портокалите и мангото освен што го зајакнува вашиот имунитет тој го подобрува и вашето расположение. Овој моќен антиоксиданс докажано ги намалува симптомите на депресија и го отстранува стресот.
2. Лосос
Поради големото количество на омега 3 масните киселини, лососот е добар за срцето, но истите состојки може да помогнат и кај депресијата, бесот, како и кај лошото расположение. Редовното консумирање на лососот ќе ви го поправи расположението, но и здравјето.
3. Житарици со млеко
Недостатокот од витаминот Д во нас предизвикува чувство на тага, депресија и секако лошо расположение. Хранливите житарици и млекото го зголемуваат производството на хормонот на среќа и тоа прави да се чувствуваме смирени, опуштени и среќни.
4. Спанаќ
Овие зелени листови содржат фолна киселина која го подобрува вашето расположение. Спанаќот е антиоксиданс кој ги заштитува мозочните клетки од слободните радикали, кои доведуваат до губење на енергијата и паѓање на расположението.
5. Пилешко место
Ова месо го содржи витаминот Б12, кој го смирува вашето тело. Недоволната количина од овој витамин може да направи да се чувствувате нерасположени и уморни.
6. Зелен чај
Чаевите дејствуваат добро на нервниот систем, а особено успешен во тоа се покажал зелениот чај. Затоа ако сте лути и нерасположени испијте една чаша од овој пијалак.
7. Црна чоколада
Освен што е вкусна, црната чоколада има и високо ниво на магнезиум-минерал кој ги смирува мускулите и ја смалува напнатоста. Освен тоа, таа ги смалува симптомите на депресија и ве прави да се чувствувате среќни.