6 идеи за храна која изгледа луксузно пред гости (а се прави лесно)

Топчиња од сирење со свежо грозје, зелена салата со јаболка и ореви, полнети чамци од модар домат - идеи како трпезата да ви изгледа луксузно, ако ви се смачи од обичните ордевери и шопска салата. 

6-idei-za-hrana-koja-izgleda-luksuzno-pred-gosti-a-se-pravi-lesno-01.jpg

Доколку сте од оние кои сакаат да експериментираат со фенси мезиња, сигурно по секоја цена ги избегнувате обичните ордевери со салама и кашкавал, како и класичните салати од типот на шопска. 

На социјалните мрежи може да се најдат стотици идеи за специјалитети, но ние издвојуваме неколку кои се подготвуваат лесно, а изгледаат интересно. 

Вреди да пробате некој од нив за следните гости: 

Ролат од сувомеснато и крем сирeње или фета сирење, на чачкалица

6-idei-za-hrana-koja-izgleda-luksuzno-pred-gosti-a-se-pravi-lesno-02.jpg

Топчиња од сирење со свежо грозје во внатрешноста

Обвиткајте го зрното грозје со меко сирење, посипете малку мед и наросете мелени ф'стаци и ставете да се изладат во фрижидер. Може да ги послужите цели или пресечени на пола.

6-idei-za-hrana-koja-izgleda-luksuzno-pred-gosti-a-se-pravi-lesno-04.png

Ролати со димен лосос или сувомеснато и сос по ваш избор

Наполнете тортиља со сос од павлака, парче сувомеснато или димен лосос, замотајте ја и исечете ја на ролати.

6-idei-za-hrana-koja-izgleda-luksuzno-pred-gosti-a-se-pravi-lesno-03.jpg

Салата од печена тиква со фета сирење, брусница и суви билки, зачинето со маслиново масло

6-idei-za-hrana-koja-izgleda-luksuzno-pred-gosti-a-se-pravi-lesno-05.jpg

Салата од марула, бејби спанаќ, парчиња јаболка, брусница, ореви и фета сирење, зачинето со маслиново масло и крема балсамико

6-idei-za-hrana-koja-izgleda-luksuzno-pred-gosti-a-se-pravi-lesno-06.jpg

Полнет модар домат

Исечете ги модрите домати на половина, по должина, отстранете ја средината и печете 25-30 минути. Наполнете со претходно зготвен зеленчук по избор и мелено месо, по желба може да додадете кашкавал, црвен домат и да сервирате со павлака и калинки.

6-idei-za-hrana-koja-izgleda-luksuzno-pred-gosti-a-se-pravi-lesno-07.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Вкусен домашен ручек - Како да направите тавче гравче? Тавче гравче претставува македонски традиционален рецепт кој бара внимание, но л...
„Во еден ден направив 5 тегли ајвар во стан - се прави со само 200ml масло“ „Овој рецепт ми е од тетка ми, таа го прави најубавиот ајвар“ – потенцира јутјуб...
4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден Овие предлог рецепти ќе ви помогнат најдобро да ги искористите јајцата од велигд...
Рецепт за здрав протеински леб со овесни снегулки и семиња Ако сакате да се храните здраво тоа не значи дека по секоја цена треба да го исф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg