Рецепт за здрав протеински леб со овесни снегулки и семиња

Ако сакате да се храните здраво тоа не значи дека по секоја цена треба да го исфрлите лебот од исхраната. Само, треба да изберете здрава варијанта.

recept-za-zdrav-proteinski-leb-so-ovesni-snegulki-i-seminja-01.jpg

Обожавате леб, ама бидејќи сакате (или морате) да се храните здраво, не треба да внесувате бел леб.

За среќа, постојат здрави варијанти, кои се подготвуваат лесно, а се подеднакво вкусни.

Овој протеински леб е богат со влакна, протеини и здрави масти, а бидејќи е превкусен, ќе го изедете цел веднаш.

Потребни состојки (количина доволна за мал леб за двајца):

  • 150g овесни снегулки
  • 200g котиџ сирење
  • 1 јајце
  • 30g семки од тиква
  • 30g семки од сончоглед
  • 1 лажичка сол
  • 1 прашок за пециво
  • сусам (по избор)

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во длабок сад и спојте ги со мешање.

Кога ќе се соединат, добиената смеса замесете ја со раце, па обликувајте ја во вид на леб и печете ја во рерна на 200°C околу 45 минути.

Со чепкалка проверете дали е испечен, а потоа извадете го и оставете да се излади.

Дури кога лебот целосно ќе се излади ќе можете да го пресечете (додека е топол може да се рони).

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Вкусен домашен ручек - Како да направите тавче гравче? Тавче гравче претставува македонски традиционален рецепт кој бара внимание, но л...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за руска салата за новогодишните празници Ви нудиме рецепт за руска салата со точни состојки, за сите оние на кои домашнит...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg