„Во еден ден направив 5 тегли ајвар во стан - се прави со само 200ml масло“

„Овој рецепт ми е од тетка ми, таа го прави најубавиот ајвар“ – потенцира јутјуберката Алмира Сијамхоџиќ, која ни покажа како може да се направи ајвар во домашни услови во стан и тоа со само 200ml масло.

za-nekolku-chasa-napraviv-5-tegli-ajvar-vo-stanot-po-receptot-na-tetka-mi-se-pravi-so-samo-200-ml-maslo-01.jpg

Обично кога ќе се спомне подготовка на ајвар, помислуваме на големи количини пиперки, печење на ќумбе, варење во големо тенџере и со голема маталка, но, босанската јутјуберка Алмира објави едно подолго видео на нејзиниот Јутјуб канал каде детално покажа како таа во домот подготвува мали количини ајвар, за само неколку часа.

Како, што рече, најмногу време ѝ одземало лупењето на пиперките и модрите патлиџани, а мелењето и варењето одат мошне брзо.

za-nekolku-chasa-napraviv-5-tegli-ajvar-vo-stanot-po-receptot-na-tetka-mi-se-pravi-so-samo-200-ml-maslo-02.jpg

Како што и сама потенцира во описот на видеото, за варењето на овие 5 тегли ајвар ѝ требало околу 1 час и половина.

„Видете колку е густ ајварот, за само неколку часа добив пет тегли од по 580g.

Овој ајвар ќе можам да го јадам во следните неколку месеци, затоа што е домашен, проверен без конзерванси и додатоци“ – вели Алмира во видеото.

za-nekolku-chasa-napraviv-5-tegli-ajvar-vo-stanot-po-receptot-na-tetka-mi-se-pravi-so-samo-200-ml-maslo-03.jpg

Кој е рецептот до кој се придржува Алмира додека приготвува ајвар во станот?

Потребни состојки:

  • 5kg црвени пиперки;
  • 1,5kg модри патлиџани;
  • 2 супени лажици оцет;
  • 1,5 супена лажица шеќер;
  • 2 супени лажици сол;
  • 200ml масло.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 200° Целзусови
  • Пиперките и модрите патлиџани за тоа време се мијат и се бршат со крпа;
  • Постепено се печат во плех обложен со хартија за печење;
  • Откако ќе се испечат се ставаат се прекриваат со најлон за да омекнат и полесно да се лупат;
  • Испечените пиперки и модри патлиџани се лупат, се чистат од семе и се оставаат во цедалка за да се процедат;
  • Се мелат во сечко или со машинка за мелење и се собираат во длабок сад;
  • Во длабоко тенџере се става 200 ml масло за јадење да се загрее и потоа се додаваат сомелените пиперки и патлиџани;
  • Ајварот се вари околу 1 час и 20 минути на тивок оган;
  • Кога ајварот ќе почне да врие, односно да прска, се додава оцет, шеќер и сол;
  • Ајварот се меша и се враќа да се вари уште 10-тина минути со постојано мешање;
  • Измиените тегли се ставаат да се загреат 10-тина минути во рерна на 100° Целзиусови;
  • Потоа топлиот ајвар се става во топли тегли;
  • Откако ќе се наполнат, теглите се затвораат и се враќаат во рерната која е исклучена и се оставаат таму додека не се оладат.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg