Торта со потпечени ролатчиња од тортиљи (од кои се тегне кашкавал)

Тортата од ролатчиња од тортиљи ќе ви стане омилен брз рецепт за оние денови кога не знаете што да зготвите. Исто така може да ви се најде ако сакате да подготвите некое брзо мезе за гости.

brz-ruchek-torta-od-potpecheni-rolatchinja-od-tortilji-od-koi-se-tegne-kashkaval-01.jpg

Тортиљите ги обожаваат сите – лесно се подготвуваат, можете да ги полните со состојки по ваш вкус, а оваа брза торта од тортиља ќе им се допадне на сите што сакаат сирење и зачинети сувомеснати производи.

Овој рецепт за торта од тортиља е со кулен, но вие можете да изберете друг сувомеснат производ по ваш вкус.

Потребни состојки:

  • 10-тина тортиљи;
  • 400g кашкавал (гауда, чедар и сл.);
  • 200g кулен (или салама по ваш избор);
  • доматен сос (или кечап);
  • 100-200g моцарела;
  • масло за јадење.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови;
  • Се зема една тортиља и се премачкува со слој доматен сос, еден слој рендан кашкавал и 4-5 крукчиња кулен;
  • Тортиљата се витка во ролат и со нож секој ролат се дели на 4 еднакви дела;
  • Се зема калап за торта и со распрскувач се премачкува со масло за јадење;
  • Ролатчињата од тортиља се редат едно до друго исправени во калапот;
  • Кога ќе се наредат сите ролатчиња врз нив се додава рендана или дробена моцарела;
  • Готовата торта се пече околу 20 до 30 минути на 200 степени или додека сирењето да се стопи во целост.

Видео упатство:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg