Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела

Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен венец. А, ако ви се допадне, зошто да не го направите и за гостите кои ќе ве посетат околу празниците?!

recept-za-sladok-bozhikjen-venec-so-nutela-01.jpg

Едноставен рецепт кој им успева на сите, а се прави од само две состојки. Дали би го пробале?

Потребни состојки:

  • 1 пакување лиснато тесто
  • Нутела
  • Јајце за премачкување
  • По желба, шеќер во прав за наросување

Начин на подготовка:

  • Одмрзнете го малку лиснатото тесто, па премачкајте го со дебел слој Нутела.
  • Свиткајте го форма на ролат, па пресечете го на половина по должина (како во видеото).
  • Двата дела од тестото префрлајте ги еден врз друг (слично како плетенка).
  • Спојте ги двата краја од тестото за да добиете форма на венец.
  • Премачкајте го тестото со изматено јајце.
  • Печете околу 20 минути на 180 степени.
  • Кога ќе остине, можете да го наросите со шеќер во прав (по вкус), па послужете го.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg