Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
-->
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат за да ги пробате...
Ако ви здодеаја класичните рецепти за кифли или печива, тогаш е време за нешто ново - погачи со моцарела и копар. Верувајте, сите ќе ги обожаваат.
-->
Потребни состојки:
За тестото:
- 125g путер (на собна температура)
- 1 шолја јогурт
- 125ml масло
- 1 цело јајце и 1 белка
- 2 лажици оцет
- 1 ½ пакетче прашок за печиво
- 1 ½ лажичка сол
- 1 китка ситно сечкан копар
- 4 ½ до 5 шолји брашно
За полнење:
- 200g моцарела
- 100g рендан чедар кашкавал
За премачкување:
- 1 жолчка
- 1 лажица масло
- 1 лажичка јогурт
Начин на подготовка:
- Сите состојки, освен жолчката од едното јајце, се ставаат во сад и се замесува тестото. Треба да е меко, па затоа по четвртата шолја брашното се додава малку по малку за да се добие посакуваната цврстина.
- Тестото се покрива, се остава да одмори 10-15 минути и потоа се дели на 20-22 парчиња.
- Секое парче се сплескува со рака и во средината се става парче моцарела и рендан чедар, па се витка во вид на погачка.
- Сите погачки се редат врз плех обложен со хартија за печење и се оставаат 10-тина минути.
- Секоја погача се премачкува со смеса од жолчка, јогурт и масло.
- Се печат во загреана рерна на 200ºC околу 30 минути.
- Се послужуваат додека се уште топли.
-->
-->
-->
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Колач со вишни, по рецептот на нашите баби
Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти
Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...