Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
-->
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ги пробате во комбинација со лимон и пилешко месо - нема да се покаете.
Орзо се тестенини кои визуелно потсетуваат на ориз (оттаму и името), но имаат вкус на класични тестенини.
-->
Може да се купат и во маркетите кај нас (а можеби сте ги виделе и во Lidl).
Овој пат ви нудиме рецепт за кремасто орзо, со комбинација со лимон и пилешки гради... вкусно, прсти да излижеш!
Потребни состојки:
- 1 парче пилешки гради
- Сол, бибер, лук во прав (за да го зачините пилешкото)
- 2,5 шолји орзо
- ¼ шолја бело вино
- 2 лажици сечкан кромид
- 3 чешниња чук (ситно сечкан)
- 2 шолји пилешка супа (направете ја од пилешка коцка или сварете пилешка супа, а потоа процедете ја само течноста)
- 1/3 шолја неутрална павлака
- Сок од ½ лимон
- 1,5 лажици свеж магдонос
- ½ шолја пармезан
Начин на подготовка:
- Зачинете го пилешкото со сол, бибер и лук во прав (по вкус).
- Загрејте ја тавата за пржење на среден оган, па испржете ги пилешките гради (додека убаво не поруменат) на многу малку масло. Кога ќе бидат готови тргнете ги на страна.
- Во истото масло додајте ги лукот и кромидот исечкани на многу ситни парченца, а штом малку се запржат, прелијте ги со белото вино.
- Во смесата додајте ја и пилешката супа и штом почне да врие, ставете го и орзото.
- Гответе со повремено мешање околу 8-10 минути (или според упатството на пакувањето).
- Кога орзото ќе биде сварено, додадете ги неутралната павлака, сокот од лимон и ренданиот пармезан.
- Најгоре ставете го пилешкото, декорирајте со свеж магдонос и послужете го додека е топло.
Бонус видео:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти
Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари
Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
-->
-->