Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња се превкусни.
Скоро и да не постои човек кој не сака што било направено од тесто. А, кога домашното тесто ќе го споите со фета сирење и малку моцарела, вкусот е совршен.
Како да направите ѓевречиња со фета?
Потребни состојки:
За тестото:
- 310ml млако млеко
- 7g инстант квасец
- 85g стопен посолен путер
- 480g брашно
За филот:
- 200g фета
- 200g рендана моцарела
- 1-2 лажички оригано
- Сол и бибер (по вкус)
Начин на подготовка:
- Во длабок сад ставајте ги состојките за тестото по наведениот редослед и мешајте додека убаво не се соединат. Префрлете го на набрашнета површина и месете околу 5 минути.
- Покријте го и оставете го да одмори околу 1 час, а во овој период треба да се удвои во големината.
- Откако ќе нарасне, исечете го на 4 дела. Секое парче развлечете го во правоаголник со слична големина и тргнете го настрана.
- Сите состојки за филот спојте ги во посебен сад, па врз првото тесто ставете 1/3 од филот. Врз него ставете го второто тесто, па повторно фил.
- Кога ќе ги наредите сите кори (најгоре да биде тестото), расукајте за да добиете една голема кора, но внимавајте да не излезе филот.
- Со тркалце за сечење пица, кората пресечете ја на хоризонтално на половина, а потоа сечете вертикално за да добиете 16 парчиња.
- Земајте две по две парчиња, ставете ги едно врз друго, малку развлечете ги со рацете, па вртете го и обликувајте во вид на ѓеврек (како што е прикажано во видеото).
- Наредете ги ѓевречињата во тава, обложена со хартија за печење и оставете ги да отстојат околу 40 минути.
- Вклучете ја рерната на 180 степени.
- Пред печење, премачкајте ги ѓевречињата со малку растопен путер. Печете 25-30 минути додека не поруменат.
- Послужете ги топли.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Посна проја со праз - рецепт кој им успева на сите
Ако сте љубител на проја, а постите - пробајте го овој рецепт кој е лесен за под...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Брзи цвет банички со спанаќ и сирење
Ако размислувате што вкусно и солено да подготвите викендов, можете да го пробат...
-->
-->