Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос

Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе ви се допаднат уште со првиот залак!

recept-za-chokoladni-pralini-so-malini-i-kokos-01.jpg

Вкусен десерт од само неколку состојки, а кој не се пече, е сон на секоја домаќинка кога бара брз рецепт.

Како да го подготвите?

Потребни состојки:

  • 140g кокос
  • 190g замрзнати малини
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 4 лажици јаворов сируп
  • 250g темно чоколадо (или чоколадо по вкус)

Начин на подготовка:

  • Со хартија за печење обложете го калапот (или малата тава) во кој ќе ја ставите смесата за пралините.
  • Во процесор за храна ставете ги кокосот, малините, ванилата и јаворовиот сируп и матете за смесата да се соедини.
  • Истурете ја во калапот (или во тава) и ставете ја во замрзнувач додека не се стврдне (околу 1 до 2 часа).
  • Извадете ја смесата на работната површина, па исечете ја на коцки или правоаголници и вратете ги повторно во замрзнувачот.
  • Стопете го чоколадото на пареа или во микробранова печка, па секое замрзнато парче извалкајте го убаво во чоколадото.
  • Ставете ги колачите врз хартија за печење на рамна површина, наросете ги со малку кокос, па повторно вратете ги во замрзнувачот за убаво да се стегне чоколадото.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Чоколадни бомбици од смеса за готова торта Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за најубавите домашни принцес крофни Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg