Сочен викенд ручек: Нов, лесен рецепт за шпагети со мелено месо и растопен кашкавал
Овој рецепт за брза подготовка на шпагети замотани во месо ги освои социјалните мрежи. Станува збор за специјалитет инспириран од италијанската кујна, а откако ќе го подготвите ручекот нема да ви остане куп садови за миење.
Сметате дека сте ги пробале сите рецепти за тестенини, но сигурно не сте го пробале овој најнов рецепт што масовно се споделува на социјалните мрежи.
Станува збор за американски рецепт што во голема мера потсетува на класичните шпагети со болоњезе сос, но мошне е олеснета постапката за подготвување на шпагетите.
Шпагетите не треба да ги варите туку само да ги замотате со мелено месо во средина, а цел ручек се прави само во една тава – нов, лесен начин на подготовка на паста. Сигурно ќе барате парче плус...
Потребни состојки:
За зачинување на меленото месо:
- 500g мелено месо
- 1 лажица мајчина душица,
- 1 лажица рузмарин,
- 1 лажица чили во прав,
- 2 лажици оригано,
- 2 лажици црвен пипер;
- сол, бибер по вкус.
За шпагети:
- 400g шпагети;
- 2 лажици маслиново масло;
- 1 главица кромид (ситно исечкана);
- 2 чешниња лук (рендани);
- 2 пиперки (исечкани);
- 400ml црвено вино;
- 500ml сос од домати;
- 500g рендано моцарела сирење (или кашкавал).
Начин на подготовка:
- Во подлабок сад се става меленото месо, се додаваат зачините и се меша.
- Од зачинетото месо се прават 4 поголеми плескавици кои се обвиткуваат околу сноп неварени шпагети.
- Во плех се става маслиново масло и се става да се загрее на рингла на средна температура.
- Шпагетите завиткани во мелено месо се ставаат во плехот и месото се пржи од двете страни.
- Во плехот, околу шпагетите се додава кромид, лук и пиперки и се пржат додека да омекнат, а потоа се додава и црвеното вино.
- Се додава сос од домати и на крај се става рендана моцарела.
- Плехот со шпагетите се става во претходно загреана рерна и се пече на температура од 180 степени Целзиусови околу 30 минути.
За подетално упатство за подготовка погледнете го видеото:
Б. С. Б. | Црнобело