Летна мусака - лесен ручек со модар домат и тиквички
-->
Одморете од традиционалната мусака и испробајте го лесниот ручек на база на зеленчуци.
Летната мусака се состои од зеленчуци кои сигурно ги консумирате во топлиот период од годината, а кога ќе ги искомбинирате заедно – добивате совршен ручек за целото семејство.
-->
Потребни состојки:
- 4 компири
- 2 модри домати
- 2 тиквички
- 3 домати
- 2 чешниња лук
- 1 кромид
- 5 пиперки
- Сол, бибер, маслиново масло
- 500ml свежо млеко
- 4 лажици брашно
Подготовка:
- Исчистете го зеленчукот од семки и лушпи.
- Подмачкајте едно тавче со маслиново масло, па наредете ред компири, ред модар домат (половина од вкупната количина која е потребна за рецептот).
- Доматот исечкајте го ситно и помешајте го со претходно испечени пиперки. Зачинете по желба.
- Смесата со домати и пиперки истурете ја врз модриот домат.
- Лукот и кромидот продинстајте ги на малку масло и додадете ги ситно исечканите тиквички. Тоа е претпоследниот слој на мусаката.
- Завршете со уште еден слој модри патлиџани (останатата половина).
- Покријте со фолија и печете на 250 степени.
- Додека мусаката се пече, подгответе го преливот. Помешајте го млекото со брашното додека не добиете хомогена смеса и зачинете со 1 лажичка сол.
- Прелијте ја мусаката кога ќе биде при крај и печете уште 15-20 минути.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок
Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer
Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо....
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт
Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...