Брз и здрав ручек: Печени модри домати со моцарела
Овој рецепт е едноставен, па може да го правите дури и ако не сте премногу вешти во кујна.
Ако сте во потрага по поразличен рецепт за ручек, тогаш одлучете се за овие полнети модри домати.
Комбинацијата на доматите и моцарелата со свежиот босилек на крај, ќе ви даде одличен вкус, а може да го подготвите и како прилог за кога пречекувате гости.
Потребни состојки:
- 2 средни модри домати
- 2 лажички маслиново масло
- Сол и бибер по вкус
- 100g мелени домати од конзерва
- 1 чешне лук, изгмечено
- 170g моцарела
- Свеж босилек, исечкан
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови и обложете тавче со алуминиумска фолија.
- Модрите домати исечете ги на половина. Потоа со нож нежно направете рез, внимавајќи да не ја дупнете кората. Додајте маслиново масло, сол и бибер по вкус.
- Така подготвените модри домати печете ги во рерна околу 30 минути, па потоа извадете ги и оставете ги да се оладат.
- Кога ќе се оладат, извадете го внатрешниот дел со лажица. Извадената смеса исечкајте ја на коцки и ставете ја во сад.
- Додајте ги доматите, лукот, бибер и сол по вкус.
- Во тава за печење додајте малку од доматите од конзерва на дното.
- Одозгора ставете ги модрите домати и наполнете ги со подготвениот фил. На крајот ставете ја моцарелата.
- Печете околу петнаесетина минути, додека не се стопи моцарелата.
- На крај одозгора ставете свеж босилек.
М. Ѓ. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за најубавите домашни принцес крофни
Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...

Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари
Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
-->