Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Уникатно велигденско чоколадо кое не се продава никаде, а може да го направите сами

Ако имате вишок време и сакате да пробате нешто ново за да измамите насмевка на лицата на домашните, обидете се да ја искористите темата Велигден и да ја преточите во нов десерт.

unikatno-veligdensko-cokolado-koe-ne-se-prodava-nikade-a-moze-da-go-napravite-sami-01_resize.jpg

Велигденското чоколадо може да го подготвите сами, а доброто е што не може да се најде во продажба и не е веќе видено.

Состојки кои ќе ви требаат:

  • 3-4 млечни или црни чоколади
  • 1-2 бели чоколади
  • Чоколадни бонбони во жолта боја

Подготовка:

Прво растопете го млечното или црното чоколадо, зависи какво сте одбрале, на пареа.

Прелијте го растопеното чоколадо на хартија за печење поставена во рамна тава и распоредете рамномерно.

Оставете неколку минути да се стегне, но да остане меко на допир.

Повторете го топењето со белото чоколадо, но овојпат ставајте бели капки врз чоколадната подлога, по можност во облик на јајца.

unikatno-veligdensko-cokolado-koe-ne-se-prodava-nikade-a-moze-da-go-napravite-sami-02.jpg

Во средина на белите капки ставете по една жолта бонбона – и тоа е тоа! Го имате впечатливиот најчоколаден десерт.

unikatno-veligdensko-cokolado-koe-ne-se-prodava-nikade-a-moze-da-go-napravite-sami-03_resize.jpg

Оставете комплетно да се олади, па сечете или кршете на поголеми парчиња.

unikatno-veligdensko-cokolado-koe-ne-se-prodava-nikade-a-moze-da-go-napravite-sami-04.jpg

Може да ги поставите во стаклен сад или да завиткате по неколку парчиња во целофан, за подарок(без контакт).

unikatno-veligdensko-cokolado-koe-ne-se-prodava-nikade-a-moze-da-go-napravite-sami-05_resize.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Лисната пита со крушки и цимет - одличен зимски десерт Додека трае сезоната на круши, лесно и брзо можете да подготвите еден поинаков д...
Пролетен десерт: Рецепт за лиснат ролат со јагоди Личат на мини штрудлички од лиснато тесто, полнети со домашно зготвен фил од све...
Брз десерт - лиснати цветови со Нутела За овој десерт ви требаат само 3 состојки - и трпение да се излади пред да го ја...
Домашни варени ѓевречиња по рецепт на стружанката Драгица Топли, крцкави, вкусни - кој може да им одолее на домашните варени ѓевречиња? ...
Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg