Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Рецепт на денот: Велигденски чоколаден колач

Доколку сакате Велигденската трпеза да ви биде во знакот на празникот, а не знаете како да го направите тоа, имаме решение за вас.

recept-na-denot-veligdenski-chokoladen-kolach-01.jpg

Овој чоколаден колач освен што изгледа поразлично од сите други еднолични десерти, ќе ве изненади и со неговиот вкус, вас и вашите најмили.

И секако, лесно се подготвува.

Потребни состојки:

  • Спреј за готвење
  • Хартија за готвење
  • 1 кутија готов чоколаден микс за мафини
  • 1 чаша бело чоколадо
  • 1 лажица кокосово масло
  • 10 капки портокалова боја за готвење
  • 12 дрвени стапчиња
  • 12 големи јагоди
  • 1 пакување чоколаден шлаг
  • 1 пакување орео колачи, издробени

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180°С и испрскајте ја внатрешноста на плехот со спреј за готвење. Ставете во плехот хартија за печење и повторно испрскајте малку со спрејот.

Подгответе го чоколадното тесто според инструкциите на пакувањето на готовиот микс. Истурете го тестото во плехот и печете 28-30 минути, а потоа оставете да се олади.

Подгответе го портокаловиот фил: Во мал, длабок сад, стопете го белото чоколадо. Додадете го кокосовото масло и портокаловата боја за готвење, а потоа мешајте додека не се соедини смесата.

Подгответе ги „морковите“: Во голем сад ставете хартија за печење. Забодете ја секоја јагода со посебно дрвено стапче и извалкајте ги во стопеното портокалово чоколадо. Наредете ги јагодите врз садот и ставете ги во фрижидер да се ладат 15 минути.

Врз чоколадното тесто истурете го чоколадниот фил/шлаг, а потоа посипете ги искршените орео колачи. Одозгора наредете ги оладените јагоди и декорирајте со чоколадни јајца.

Исечете го десертот на коцки и сервирајте го.

Погледнете го видеото:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Направете домашно тесто за пица, исто како од ресторан Потребни ви се само неколку состојки за и дома да направите совршено тесто за пи...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg