После пица Наполитана, највкусното од Неапол: Велигденски леб
Велигден е денот кога сите очекуваме гости и сите одиме некаде на гости, најчесто кај поблиските роднини. Тоа подразбира кршење на јајца и делење на вкусен ручек.
Без разлика на тоа дали очекувате некој на гости или ќе одите некаде, можете да направите вкусен неаполски деликатес кој најчесто се подготвува за Велигден и да ги изненадите гостите и роднините.
Време за подготовка: 60 минути
Време на печење: 50 минути
Време на дигање на тестото: 3 часа и 30 минути
Температура на печење: 200°С
Потребни состојки:
За тестото:
- 1 лажичка сушен или свеж квасец
- 3,5 - 4dl вода (млака)
- 600g брашно (+ малку за напрскување на површината за месење)
- 2 кафени лажички шеќер
- 1 лажица сол
- Малку сушен пипер
- 120g маст или путер
За филот:
- 400g кашкавал пекорино
- 10 парчиња салама по желба
- 100g сланина сечкана на ситно
- 400g „Grana padano“ или некој друг потврд кашкавал како овчи
За премачкување:
- 1 јајце (изматено)
За украсување:
- 5 јајца (варени)
Подготовка:
Ставете го брашното во голем сад и додадете ги квасецот, солта, биберот, путерот и млаката вода. Месете додека не добиете хомогена смеса. Обликувајте го тестото во топка и ставете го во подмачкан сад, покријте го со фолија и оставете го да се дигне околу час, час и половина.
Наросете брашно на работната површина и размесете го тестото во правоаголник (околу 40 на 65 сантиметри). Рабовите исечете ги за да добиете рамни површини и остатокот зачувајте го за декорацијата (јајцата на врвот на лебот).
Посипете го тестото со кашкавалите, саламата и сланината, навртете го како ролат и ставете го во куглов. Оставете го да отстои уште час и половина, барем додека не се дигне до горниот раб на кугловот.
Загрејте ја рерната на 200 степени.
По желба наредете ги 5-те јајца на врвот од лебот и притиснете ги на површината со парчињата останато тесто. Намачкајте ја површината со јајце и печете на загреана рерна 45 до 50 минути.
Н. Г. | Црнобело