Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


За Велигден послужете: Леб во форма на зајче

Ако мислевте и овој Велигден да правите лепче украсено со јајца, по овој рецепт ќе се предомислите.

za-veligden-posluzete-leb-vo-forma-na-zajce-001.jpg

Зошто да се придржувате до едноличните идеи, кога оваа година може да послужите леб во форма на зајче, декориран со салата и сос?

Подготовката нема да ви одземе повеќе од 1 час, а сигурно ќе добиете еден куп комплименти и воодушевувања.

Потребно ви е:

  • 250ml млеко
  • 250ml млака вода
  • 2dl масло
  • Малку сол и шеќер
  • 1kg брашно
  • 40g свеж квасец
  • 2 цели јајца

Подготовка:

Во еден голем сад ставете го квасецот со шеќерот, млакото млеко и млаката вода, па оставете да скисне.

Во друг пластичен сад ставете брашно, масло, сол, цело јајца и нараснатиот квасец.

Премесете го тестото 2-3 пати, а потоа поделете го на два дела (1:3).

Од едниот дел направете глава и тело, а од помалиот направете уши, раце, нозе, образи и нос.

za-veligden-posluzete-leb-vo-forma-na-zajce-02.jpg

Печете го лепчето на 180 степени околу половина час.

За очи ставете 2 зрна суво грозје или помали маслинки, а за забите сецнете еден бадем на половина.

za-veligden-posluzete-leb-vo-forma-na-zajce-03.jpg

На голема чинија ставете го лебот и украсете со зелена салата, домати, краставички или млечни производи.

Средината може да ја издлабите и да ставите едно мало чиниче со тартар или сос по желба.

za-veligden-posluzete-leb-vo-forma-na-zajce-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за руска салата за новогодишните празници Ви нудиме рецепт за руска салата со точни состојки, за сите оние на кои домашнит...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Мафини од печени јајца - рецепт за поинаков, а вкусен појадок (или вечера) Ви здодеа да јадете варени јајца или јајца на око, а сепак ги обожавате? Тогаш с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg