Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Рецепт за старинска раванија, како на нашите баби

Иако нашите баби биле сериозни домаќинки во кујна, сепак ова е лесен рецепт кој ќе може да го направи секој, а вкусот ќе ве врати назад во детството. 

recept-za-starinska-ravanija-kako-na-nashite-babi-01.jpg

Иако многупати мислиме дека рецептите од нашите баби се многу комплицирани, бидејќи тие имале натпросечни вештини, сепак се наоѓаат и некои специјалитети кои се лесни за правење. 

Издвојуваме мека, вкусна и сочна раванија, која се прави многу брзо и едноставно, а вкусот буди посебна носталгија. 

Потребни состојки:

  • 7 јајца
  • 120g шеќер
  • 100g гриз
  • 30g брашно

За шербет:

  • 600g шеќер
  • 600ml вода
  • 60ml сок од лимон

Начин на подготовка:

  • Ставете ги водата, шеќерот и сокот од лимон во тенџере и кога ќе почне да врие оставете 5 минути, па тргнете настрана да се лади. 
  • Во длабок сад, изматете ги јајцата и шеќерот со миксер на најсилна брзина – смесата треба да стане двапати поголема и да добие светла боја.
  • Потоа намалете ја брзината на миксерот на најслаба и постепено додавајте ги гризот и брашното додека постојано мешате.
  • Кога ќе се соедини смесата, намачкајте го садот за печење со масло од сите страни и истурете ја смесата, распоредувајќи ја подеднакво насекаде.
  • Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени Целзиусови, 20 минути.
  • Со ладен шербет, со помош на кутлача, прелијте го врелиот колач постепено, ставајќи насекаде.
  • Ставете да се лади во фрижидер најмалку 3 часа, а потоа декорирајте по желба, послужете и уживајте во вкусот.

Погледнете видео постапка: 

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Принцес ролат - побрза варијанта на принцес крофни За сите љубители на принцес крофните имаме одличен рецепт за десерт - принцес ро...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Направете домашно тесто за пица, исто како од ресторан Потребни ви се само неколку состојки за и дома да направите совршено тесто за пи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg