Брзи и вкусни колачиња кои мора да ги имате на празничната трпеза

Таканаречените путер колачиња се најлесни за подготовка, а можете да ги декорирате како и да посакате. Погледнете како да ги направите, но и неколку Инстаграм предлози за декорирање.

brzi-i-vkusni-kolacinja-koi-mora-da-gi-imate-na-praznicnata-trpeza-01.jpg

Традиционално, празничната трпеза не може да помине без вкусен десерт.

И додека секоја домаќинка размислува што да подготви за божиќната трпеза, ние ви даваме предлози за брзи и вкусни колачиња.

Можете сами да ја одберете формата, а за да изгледаат примамливо по желба додајте и прехранбена боја која ќе даде и посебен шмек на трпезата.

Класичните путер колачиња се најлесни за подготовка.

Потребни состојки:

  • 300g брашно
  • 200g путер
  • 85g шеќер во прав
  • 1 белка
  • 1 пакетче ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  • Во еден сад ставете го претходно омекнатиот путер, а потоа додајте ги брашното и шеќерот. Мешајте ги состојките додека не добиете хомогена смеса.
  • Во посебен сад ставете ги белката и шеќерот во прав, а потоа со миксер изматете ги додека смесата не стане пенеста.
  • Откако ќе завршите, смесата ставете ја во садот со брашното, шеќерот и путерот, а потоа почнете со месење.
  • Откако убаво ќе биде замесено, тестото се обвиткува со фолија па се остава еден час во ладилник.
  • Со помош на модли направете форми какви што посакувате.
  • Путер колачињата печете ги во загреана рерна на 180 степени околу десетина минути.

Во продолжение неколку видеа од Инстаграм кои би можеле да ви послужат како инспирација:

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Направете домашно тесто за пица, исто како од ресторан Потребни ви се само неколку состојки за и дома да направите совршено тесто за пи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg