Брзи мини пици со модар патлиџан – вкусно, прсти да излижете
-->
Наместо класичната пица со тесто, направете вкусни мини пици со модар патлиџан - вкусен рецепт што откако ќе го направите еднаш, ќе го правите постојано.
Ви се најавија гости и сакате да им подготвите нешто вкусно? Пробајте ги овие мини пици со модар патлиџан и готов болоњезе сос.
-->
Се прават едноставно, а вкусни се, прсти да излижете!
Потребни состојки:
- 1 поголем модар патлиџан
- Сол
- Маслиново масло
- 1 тегличка готов болоњезе сос (може и сос од домати)
- Свеж босилек
- 200g рендан кашкавал
Начин на подготовка:
- Измијте го модриот патлиџан и исечете го на крукчиња дебели околу 1,5-2cm;
- Наредете ги во тава која сте ја обложиле со хартија за печење;
- Посолете ги и врз секое парче ставете по малку маслиново масло;
- Одгоре ставете по една полна лажица готов болоњезе сос и по едно свежо ливче босилек;
- Најгоре ставете по малку рендан кашкавал;
- Печете ги мини пиците околу 10 минути во загреана рерна на 180 степени;
- Послужете ги топли.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Викенд мезе: Мини тортиљи со пилешко и зеленчук по турски рецепт
Мини пилешките тортиљи по турски рецепт се деликатес кој мора да го пробате.
...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
„Во еден ден направив 5 тегли ајвар во стан - се прави со само 200ml масло“
„Овој рецепт ми е од тетка ми, таа го прави најубавиот ајвар“ – потенцира јутјуб...
Рецепт за крцкави пилешки прсти во рерна – вкусни, без тон зејтин
Како да подготвите крцкави пилешки прсти за мезе, со сусам, како што ги подготву...
Направете сами: Крцкава пита со чоколаден крем и ф’стаци
Чоколадо и ф’стак се навистина совршена комбинација. Затоа, подгответе ја оваа б...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече
Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
-->