Направете сами: Крцкава пита со чоколаден крем и ф’стаци

Чоколадо и ф’стак се навистина совршена комбинација. Затоа, подгответе ја оваа блага пита од готови кори и уживајте во вкусот.

krckava-pita-so-chokoladen-krem-i-f-staci-prsti-da-izlizhesh-01.jpg

Ако сте гурман кој постојано сака да пробува нови јадења, овој пат ви нудиме рецепт за интересен десерт - пита со чоколаден крем и ф'стаци, која се подготвува многу брзо, а е навистина вкусна.

Потребни состојки:

(Сите состојки се со мерка по желба и вкус)

  • Кори за пита или баклава (што е можно потенки)
  • Чоколаден крем
  • Мелени или толчени ф’стаци
  • Чоколадни топчиња

За премачкување на корите:

  • Путер (или масло)
  • Малку кисела вода

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад стопете го путерот, па додадете малку кисела вода и спојте ја смесата.
  • Првата кора премачкајте ја со добиената смеса, па врз неа ставете ја втората кора.
  • Преку целата втора кора ставете слој чоколаден крем. Кремот нека е по ваш вкус (од кој било производител), но теглата ставете ја во жешка вода за да се растопи и да биде течен.
  • Врз кремот посипете ф’стаци и чоколадни топчиња, па свиткајте ги корите во вид на ролат.
  • Кората одозгора премачкајте ја со смесата од путер и кисела вода, па ставете ја во плех обложен со хартија за печење.
  • Повторете ја постапката колку пати сакате зависно количината која сте ја замислиле.
  • Печете во загреана рерна на 210 степени додека корите не заруменат и станат крцкави.
  • Исечете ја питата на парчиња, а за да биде уште посочна, двата краја на секое парче потопете ги во чоколаден крем.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Кремаста торта со ф’стак и чоколадо - совршен есенски десерт Доволен е еден залак од овој кремаст десерт да се заљубите во вкусот кој е комби...
Тирамису со ф’стаци и пишкоти - совршен десерт за сечиј вкус Ако не можете да му одолеете на вкусот на класичното тирамису, тогаш сигурно ќе ...
Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да под...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg