Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кремаста торта со ф’стак и чоколадо - совршен есенски десерт

Доволен е еден залак од овој кремаст десерт да се заљубите во вкусот кој е комбинација од чоколадо и ф'стаци...

kremasta-torta-so-f-stak-i-chokolado-sovrshen-esenski-desert-01.jpg

Есента носи нови вкусни задоволства, а меѓу нив е и храната.

Па, ако сте љубител на десертите со вкус на ф’стак, тогаш мора да ја пробате оваа торта.

Потребни состојки:

За чоколадната основа:

  • 85g несолен путер
  • 100g шеќер
  • 30g кафеав шеќер
  • 2 јајца
  • 80g брашно
  • 25g какао
  • 100g темно чоколадо (со околу 60% какао)
  • ¼ лажичка сол

За филот од ф'стаци:

  • 400г крем сирење 
  • 300g крем од ф'стаци
  • 30g брашно
  • 200ml шлаг крем
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 3 големи јајца
  • 2 лажици шеќер

Начин на подготовка:

  • Најпрво подгответе го тестото. Ставете хартија за печење во калап за торти со големина 20cm (на кој се вади дното) и премачкајте ја со путер.
  • Во длабок сад ставете ги темното чоколадо и путерот и растопете ги во микробранова печка, па тргнете ги на страна.
  • Во друг сад ставете ги јајцата, шеќерот (белиот + кафеавиот) и екстрактот од ванила, па матете околу 4-5 минути со миксер за да добиете кремаста смеса.
  • Додадете го стопениот путер со чоколади и спојте ја смесата со шпатула, со благо преклопување.
  • Просејте ги брашното и какаото, па додадете ги претходно подготвената чоколадна смеса. Повторно мешајте со шпатула.
  • Истурете ја смесата во подготвениот калап за печење, па ставете ја во грижидер додека го подготвувате слојот од ф’стаци.
  • Во длабок сад ставете го крем сирењето и кремот од ф'стаци и мешајте со миксер.
  • Кога ќе се соединат, додадете ги јајцата, екстрактот од ванила и брашното што сте го просеале.
  • На крајот во смесата ставете ги шеќерот и шлаг кремот, па повторно измешајте додека не се соедини и изедначи целата смеса.
  • Извадете го калапот со чоколадната основа од фрижидер и врз неа истурете го кремот од ф'стаци (преку сито).
  • Печете во загреана рерна на 230°C, околу 25 минути, но внимавајте да не ви загори или да се препече - тортата треба да е мека внатре, а запечена само однадвор.
  • Оставете да се излади половина час, па покријте ја со фолија и оставете ја во фрижидер преку ноќ.
  • Пред да ја послужите, извадете ја од фрижидер и оставете ја барем 10 минути на собна температура за да омекне и стане кремаста, а дури потоа јадете ја.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Принцес ролат - побрза варијанта на принцес крофни За сите љубители на принцес крофните имаме одличен рецепт за десерт - принцес ро...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg