Чоколадна баклава со крем од ф’стаци

Ако сте љубител на баклава, но и на ф’стаци, тогаш нема да можете да му одолеете на овој рецепт.

chokoladna-baklava-so-krem-od-f-staci-01.jpg

Постои ли некој што не е љубител на баклава?

Без оглед дали е со ореви, со лешници, чоколадна, редена, вртена во вид на ролат или како триаголници, потопена во многу или малку шеќер, баклавата е омилен десерт на многумина.

Но, денес ви нудиме малку поинаков рецепт, кој сигурно ќе ви се допадне - чоколадна баклава со крем од ф'стаци....

Потребни состојки:

  • 1 пакување кори за баклава
  • 120g растопен путер
  • 200g свеж кадаиф
  • 1 лажица путер
  • 2 лажици таан
  • 200g крем од ф’стак
  • 250g чоколадо

Начин на подготовка:

  • Кадаифот искршете го на ситни парчиња, ставете го во тавче, па додадете 1 лажица путер.
  • Мешајте без престан за да се соединат состојките, па кога кадаифот ќе порумени, тргнете го на страна.
  • Додадете ги таанот и кремот ф’стак, убаво измешајте ги и оставете смесата да се излади.
  • На работната површина ставете кора за баклава, премачкајте ја со растопениот путер (120g) и врз неа ставете ја втората кора.
  • Потоа, пресечете го корите на ленти, по должина, со дебелина околу 5-6 сантиметри.
  • На едниот крај од лентата ставаете по лажичка од смесата со кадаифот и кремот од ф’стак, па свиткајте ги во форма на триаголник.
  • Печете ги околу 45-50 минути на 200 степени Целзиусови.
  • Извадете ги од рерна и оставете ги да остинат.
  • Растопете го чоколадото, па и изладените баклави ставете ги внатре за целосно да се покријат со чоколадо.
  • Наредете ги врз плех обложен со хартија за печење и ставете чоколадото да се стврдне, а дури потоа послужете ги.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Направете сами: Крцкава пита со чоколаден крем и ф’стаци Чоколадо и ф’стак се навистина совршена комбинација. Затоа, подгответе ја оваа б...
Тирамису со ф’стаци и пишкоти - совршен десерт за сечиј вкус Ако не можете да му одолеете на вкусот на класичното тирамису, тогаш сигурно ќе ...
Кремаста торта со ф’стак и чоколадо - совршен есенски десерт Доволен е еден залак од овој кремаст десерт да се заљубите во вкусот кој е комби...
Дубаи чизкејк, по рецепт на Давор (Dave’s kitchen) Чизкејк со крцкава основа, кремаст фил и богат вкус на ф`стаци. По Дубаи чоколад...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg