Рецепт за крцкави пилешки прсти во рерна – вкусни, без тон зејтин
Како да подготвите крцкави пилешки прсти за мезе, со сусам, како што ги подготвуваат во рестораните и баровите?
Брзи и лесни за подготвување... Пилешките прсти се идеални за мезе за седенките со гости и пријатели, а со овој рецепт ќе ги подготвите многу брзо и лесно.
Потребни состојки:
- 400g пилешки гради или стек;
- 2 јајца;
- 1 лажица брашно;
- 1 лажица сенф;
- 50g сусам;
- 50g лебни трошки (по потреба повеќе).
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на температура од 200° Целзиусови;
- Пилешкото месо се сече на ленти;
- Во длабок сад се ставаат јајцата и се матат со виљушка или жица;
- Се додава 1 лажица брашно и 1 лажица сенф и се меша додека да се соединат состојките;
- Лебните трошки и сусамот се ставаат во друг длабок сад и се мешаат;
- Секоја лентичка од месото прво се валка во мешавината од јајца и брашно, па потоа во лебни трошки и сусам;
- Пилешките прсти се распоредуваат на плех обложен со хартија;
- Се печат на температура од 200° Целзиусови околу 25 минути, или додека не добијат златно-кафеава боја.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Рецепт за најубавите домашни принцес крофни
Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...