Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече

Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а омилен им е на сите оние што не можат да му одолеат на вкусот на кокос.

prsti-da-izlizhete-baunti-kolach-so-kokos-i-oreo-kolachinja-shto-ne-se-peche-01.jpg

Овој колач е инспириран од вкусните баунти чоколатца. Тој е совршен спој на кокос и чоколадо, а ќе им се допадне на сите кои сакаат да подготват вкусен и брз десерт.

Како да го подготвите?

Потребни состојки:

За кора:

  • 28 парчиња (308g) Орео колачиња;
  • 70g несолен путер;

За фил од кокос:

  • 400ml кокосово млеко;
  • 200g кокос;
  • 3 лажици шеќер.

За прелив од чоколадо:

  • 80ml кокосово млеко;
  • 115g чоколадо за готвење;
  • ½ лажица путер;
  • Кокос (за декорација).

Начин на подготовка:

  • Млекото за филот се загрева и му се додава шеќерот;
  • Со повремено мешање се остава млекото да врие на тивка температура, додека не испари половина од течноста и се направи кондензирано;
  • Орео колачињата се дробат во процесор за храна, или во ќеса со сукало, а путерот се топи на пареа;
  • Во длабок сад се мешаат искршените колачиња и стопениот путер и од нив се прави кора, па се става да отстои во ладилник околу половина час;
  • Во мало тенџере се загреваат 80ml кокосово млеко и потоа во него се додава искршеното чоколадо;
  • Чоколадото се остава да отстои околу 5 минути во млекото, па се меша додека да се стопи;
  • На крај во чоколадниот прелив се додава путер и се меша;
  • Во изладеното кокосово млеко за филот се додава кокос и се меша;
  • Се става врз оладената кора, па се прелева со чоколаден прелив и се остава во ладилник да се олади околу 3-4 часа;
  • Откако ќе се олади, колачот се декорира со кокос.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колач со вишни, по рецептот на нашите баби Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо Што да јадете кога постите? Подгответе некои од овие вкусни рецепти, што ќе ви д...
Колач со афион и чоколаден прелив, по старински рецепт на баба Омилениот вкус од детството – рецепт за колач со афион прелиен со чоколадо, кој ...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Кремаст чизкејк со кокос, без печење Во потрага сте по брз десерт кој ќе го подготвите за гости или за своја душа? Чи...
Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg