Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Колач со афион и чоколаден прелив, по старински рецепт на баба

Омилениот вкус од детството – рецепт за колач со афион прелиен со чоколадо, кој се топи во уста.

kolach-so-avion-i-chokolado-po-starinski-recept-na-baba-01.jpg

Дали и вие ги обожававте колачите и тортите кои ги јадевте кај баба на гости?

Сега можете да ги наследите и да го усовршите вашиот талент во кујна, па почнете од мекиот афион колач.

Потребни состојки (мерките се со шолја од 200ml):

За колачот:

  • 3 јајца
  • 2 шолји шеќер
  • 2 шолји афион
  • 2 шолји млеко
  • 1 шолја масло
  • 3 шолји брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво

За глазура:

  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја вода
  • ½ чоколадо за готвење
  • 2 лажици какао

Начин на подготовка:

  • Одвојте ги жолчките од белките и ставете ги белките во еден поголем сад.
  • Изматете ги белките со миксер додека не запенат, па потоа постепено додавајте го шеќерот и продолжете да миксирате, додека не добиете хомогена смеса, цврст шлаг, па потоа додадете ги жолчките една по една и продолжете да матите.
  • Во воздушестата смеса додадете го маслото и цело време матете со миксер. По кратко матење истурете го и млекото, па продолжете со мешање на послаба брзина.
  • Исклучете го миксерот и просејте го брашното и прашокот за печиво постепено во смесата со помош на сито, па повторно изматете ја смесата со миксер на најслаба брзина и кога ќе се изедначи, постепено додадете го афионот додека цело време матите.
  • Кога ќе добиете изедначена смеса, истурете ја во висок плех кој претходно ќе биде намачкан со масло и посипан со брашно.
  • Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови, околу 35 минути.
  • Додека се пече колачот подгответе го преливот – во тенџере истурете ги водата и шеќерот па додајте ги чоколадото и какаото и ставете на оган додека не почне да врие.
  • Кога ќе проврие, исклучете ја ринглата и оставете уште неколку минути на топло, додека повремено мешате.
  • Испечениот колач одвојте го со нож од краевите на плехот, пресечете го на коцки и прелијте го со топол чоколаден прелив.
  • По желба декорирајте со мелени ореви или ф'стаци и послужете.

kolach-so-avion-i-chokolado-po-starinski-recept-na-baba-02.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колач со вишни, по рецептот на нашите баби Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за божиќни путер колачиња Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg