По далгона и тоник-кафето, новиот хит пијалак е освежителна, кремаста лимонада (видео)

Социјалните мрежи во голема мера ги диктираат трендовите во секое поле, па и во храната и пијалаците. По далгоната и тоник-кафето, ова лето се појави уште еден хит пијалак. Сте пробале ли да направите кремаста лимонада?

Kremasta-limonada-e-noviot-hit-pijalak-na-socijalnite-mrezzi-lesno-se-podgotvuva-a-ako-dodadete-alkohol-kje-dobiete-koktel-01.jpg

Корисниците на социјалните мрежи го избраа хит кафето за ова лето, а сега сите се сконцентрирани на новиот освежителен пијалак.

Кремастата лимонада се разликува од обичната по тоа што има густа, пенеста структура, а сепак, според оние што ја пробале, го има истиот ефект да освежува.

Ако се следи основниот рецепт, поготовката на кремастата лимонада е мошне лесна, а корисниците на социјалните мрежи ветуваат дека станува збор за освежителен летен пијалак.

Состојки:

  • 100g мраз
  • ½ лимон
  • 240 шлаг пена
  • ¼ филџан кондензирано слатко млеко
  • 12ml цеден сок од лимон

Подготовка:

Мразот, шлаг пената, кондензираното засладено млеко, сокот од лимон се ставаат во блендер и мешаме додека да добиеме кремаста лимонада.

Готовата лимонада може да се декорира со парчиња лимони и шлаг пена.

Иако, во основа ова е безалкохолен пијалак и не вклучува алкохол, сепак може да додадете малку рум, вотка, џин или виски и да добиете алкохолен коктел.

Во приложеното видео погледнете детално како се подготвува кремаста лимонада:

View this post on Instagram

A post shared by CNET (@cnet)

Погледнете уште неколку фотографии од подготвената кремаста лимонада:

https://www.instagram.com/p/CRkivwlhJwH/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/CRaps11D5VH/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/CQErKHyFZ06/?utm_source=ig_web_copy_link

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg