Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот)
Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состојки и да добиете вкусен пијалак за детоксикација на телото?
Сигурно знаете дека ѓумбирот е одличен за слабеење, а можеби и го консумирате често.
Но во комбинација со чиа, лимон и јаболко, со ѓумбир можете да подготвите и одличен пијалак за детоксикација.
Бонус е што овој пијалак ќе ви ја зголеми енергијата поради комбинацијата од состојките, па можете да си го подготвите кога ќе станете и да се чувствувате свежи и полни со елан уште од утрото.
Како да го подготвите?
Потребни состојки:
- 1 краставица
- 1 парче ѓумбир
- 1 јаболко
- 1 лимон или лимета
- 1 лажица чиа
- Малку свежо нане
Начин на подготовка:
- Исечкајте ги ѓумбирот, јаболкото и краставицата на парчиња и ставете ги во блендер, па иситнете ги.
- Додајте неколку ливчиња нане, наполнете го со вода блендерот, исцедете го лимонот и измешајте ги состојките.
- Во длабок сад ставете 1 лажица чиа семе, па потопете го со 1 лажица вода.
- Откако ќе набабри, ставете ја чиата во течноста, додадете неколку коцки мраз и пијалакот е готов.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми
На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак)
Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...

„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење)
Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...

Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак
Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...

4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен
Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...

Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома?
Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
-->
-->