Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома?
-->
Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој нема да ви помогне ако некој ве урочил, но дека по една-две чашки, сигурно ќе се чувствувате подобро... Дали би го пробале?
Синото око против уроци (познато и како турско око), е инспирацијата за овој коктел кој е вистински хит во Грција, особено на Санторини.
-->
Основата му се водка и сино куракао, во комбинација со крем и боровинки. Состојките се лесно достапни и кај нас, па можете да си го направите и дома.
Потребни состојки:
- 30ml сино куракао
- 30ml водка
- 120ml лимонада
- 180ml слатка павлака (со ниска масленост)
- 2 лажици шеќер
- 1 боровинка (за украсување)
Начин на подготовка:
- Шејкерот за коктели наполнете го до половина со коцки мраз.
- Ставете ги синото куракао и водката, и убаво мешајте за да се спојат, но и да се оладат од мразот.
- Смесата (без мраз) ставете ја во изладена чаша за мартини, па одозгора сипете 120ml лимонада.
- Во шејкерот за коктели ставете 180ml слатка павлака и 2 лажици шеќер, па измешајте ги со протресување, исто како течните состојки за коктелот.
- Смесата во вид на течен крем ставете ја најгоре врз коктелот.
- Малку сино куракао промешајте со слатка павлака и оваа смеса ставете ја внимателно во централниот дел на коктелот.
- Украсете со боровинка на средината - коктелот ќе изгледа како познатото сино око против уроци.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак
Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми
На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен
Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак
Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење)
Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот)
Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...
-->
-->