„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење)
Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчките од лицето, ја подмладува кожата, а помага и во слабеењето.
На сите ни е јасно дека исхраната има огромно влијание врз изгледот на кожата и на тоа дали ќе ослабеме побрзо или побавно.
Оние што го пробале овој пијалак тврдат дека по редовно консумирање кожата им станала многу поубава, а успеале и полесно да ослабат, но не очекувајте деа само со сокот ќе ја добиете посакуваната форма на телото.
Овој сок се пие секоја вечер пред спиење, со цел здравите состојки да успеат да ја направат својата магија.
Ако сметате дека овој сок ви е премногу силен, најдобро е да го консумирате трипати неделно, а потоа постепено да ја зголемувате дозата.
Како се подготвува овој пијалак?
Потребни состојки:
- 2 портокали (излупени);
- 4-6 моркови (излупени и исечкани);
- 3 cm ѓумбир (излупен и исечкан);
- 80ml вода.
Начин на подготовка:
- Сите состојки се ставаат во соковник или во блендер и од нив се прави сок;
- Ако користите блендер, потребно е добиената смеса да ја процедите.
Б. С. Б. | Црнобело