Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак

Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ако сте љубители на благо кафе со вкус на чоколада.

ledeno-kafe-so-parchenca-chokolada-nov-hit-recept-za-onie-shto-sakaat-da-uzhivaat-vo-kafeto-01.jpg

Секоја година на социјалните мрежи вирално се споделува по еден нов рецепт, а по Далгоната и тоник кафето од изминатите сезони, ова лето хит е да се консумира ледено кафе со парченца чоколада.

Chocolate Crackle Coffee или кафето со парченца чоколадо ќе ви се допадне од прво пробување, па постојано ќе имате подготвени чаши во ладилникот за да ги изненадите гостите.

Како се подготвува?

Потребни состојки:

  • 100 g чоколадни трошки;
  • Неколку коцки мраз;
  • 15g инстант кафе;
  • 1 лажичка шеќер (бел или кафеав);
  • 150ml студена вода.

Начин на подготовка:

  • Чоколадните трошки се топат на пареа или во микробранова печка;
  • Со стопената чоколада се премачкуваат ѕидовите на пластичната чаша за кафе;
  • Премачканата чаша се остава во замрзнувач на 1 час за чоколадата да се стврдне;
  • Од инстант кафето, шеќерот и студената вода се мати фрапе со маталка за кафе;
  • Се додава мраз и готовото кафе се става во чашата обложена со чоколада;
  • Кога ќе се стави кафето благо се притискаат ѕидовите на чашата за чоколадата да се искрши.

Видео упатство (кликнете/тапнете на видеото):

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви? Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
Колагенско кафе за подмладување: Кои се ефектите и како да го направите? Џенифер Анистон и Кортни Кардашијан се само дел од светските ѕвезди кои не остан...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg