Зошто сите полудеа по рецептот за Далгона кафе? Што е толку посебно?
Откако едно видео за рецепт на ова кремасто кафе се прошири вирално по TikTok и останатите социјални мрежи, моравме да истражиме зошто овој начин на подготовка е толку посебен.
Далгона кафето е забавен микс од инстант кафе, шеќер, вода и млеко.
@feelgoodfoodie If you haven’t tried this yet, you are missing out!! Yum! ##whippedcoffee ##whippedcoffeechallenge ##happyathome ##dalgonacoffee ##makingdalgonacoffee ##fyp
♬ original sound - feelgoodfoodie
Визуелно изгледа неодоливо, скоро како кремасто чоколадно задоволство, а не бара премногу време за да го направите идентично како на сликите.
За подготовка потребно е да помешате 2 лажици инстант кафе, 2 лажици шеќер и 2 лажици врела вода.
Потоа матете ја смесата додека не добиете богата пена, која ќе ја прелиете во чаша топло или ладно млеко (а може и во вода).
Омилениот #останидома пијалак е прилично фотогеничен и изгледа вака:
https://www.instagram.com/p/B-hjQn9hkXu/
М. Д. | Црнобело