По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви?

Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка?

po-recept-na-nashite-babi-kako-se-podgotvuva-orahovka-ili-rakija-so-mladi-orevi-01.jpg

Обично во мај, повозрасните често знаат да подготват ракија со млади ореви, позната и како ораховка или ореовка.

Старите веруваат дека овој пијалак има лековити дејства, помага при проблемите со тироидната жлезда, го зајакнува имунитетот, а помага и кај анемијата.

po-recept-na-nashite-babi-kako-se-podgotvuva-orahovka-ili-rakija-so-mladi-orevi-02.jpg

Познато е дека младите ореви се богати со витамин Ц и со јод, заради што може да имаат поволно влијание врз тироидната жлезда.

Но пред да почнете да се лекувате сами со овој лек, неопходно е прво да се консултирате со лекар.

Доколку, пак, сакате да имате залиха од овој народен лек, според рецептот на нашите баби, ораховката треба да ја подготвите на следниот начин:

Потребни состојки:

  • 40 млади зелени ореви (со големина од 1-2cm);
  • 1kg шеќер (или мед);
  • 1l ракија (лозова или сливова);
  • 1 стапче ванила (по желба).

Начин на подготовка:

  • Задолжително ставете ракавици, па потоа младите ореви убаво измијте ги и оставете ги да се исушат;
  • Поголемите оревчиња се сечат на половинки, а помалите само се засекуваат;
  • Се зема една голема тегла и во неа се редат оревите и се додава 1kg шеќер (или исто количество мед);
  • Оревот и шеќерот се мешаат, па се прелеваат со ракија и по желба може да се додаде стапче ванила;
  • Теглата се затвора и се остава да стои на сончево место 40 дена, а во текот на тие денови секојдневно треба да се протресува;
  • По 40 дена, течноста се прецедува низ газа и се собира во стаклени шишиња;
  • Се затвора добро и се остава на темно и студено место да отстои уште два месеца, за ракијата да ја добие полната арома.

po-recept-na-nashite-babi-kako-se-podgotvuva-orahovka-ili-rakija-so-mladi-orevi-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg