3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми
На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци се најголем непријател, затоа би можеле да пробате некои од овие три рецепти.
Се верува дека овие 3 пијалаци го забрзуваат варењето на храната во организмот, помагаат при детоксикација и на тој начин го забрзуваат губењето на вишокот килограми, а истовремено ќе ви помогнат и да се освежите за време на летните горештини.
Доколку ви е смачено постојано да пиете само чиста вода, пробајте некој од овие три пијалаци:
Вода со ким
Потребни состојки:
- 250ml вода;
- ½ лажиче ким;
- Сок од лимон;
- 1 лажиче мед.
Начин на подготовка:
- Водата се загрева и се претура во стаклен сад или тегла, па во неа се додава кимот;
- Затворениот сад се остава да отстои преку ноќ и следното утро се процедува, па му се додава сок од лимон и мед по желба.
Вода со грчко семе
Потребни состојки:
- 250ml вода;
- 1-2 мали лажички грчко семе.
Начин на подготовка:
- Грчкото семе се става во загреана вода и се остава да отстои преку ноќ, или најмалку 4 часа;
- Следното утро се процедува и се консумира на гладен стомак;
- Доколку не можете да ја пиете чиста, слободно можете да додадете лажичка мед.
Вода со цимет и мед
Потребни состојки:
- 500ml вода;
- 1 лажиче цимет;
- 2 лажички мед.
Начин на подготовка:
- Водата се зоврива и ѝ се додава цимет;
- Се прекрива и се остава да отстои додека да се олади;
- Се додава мед и се пие пред спиење.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак)
Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...

По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви?
Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...

4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен
Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...

Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот)
Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...
-->