Тоник кафето е нов хит на Инстаграм – полесно се прави и е поосвежително од Далгона
Ново хит кафе од инфлуенсерите на Инстаграм. Ако може да се суди според досегашните објави, овој пијалак ќе доминира во текот на летото, а се приготвува мошне лесно и едноставно.
Претходно беше хит Далгона кафето, а сега инфлуенсерите сè повеќе го промовираат Тоник кафето.
Станува збор за ладно кафе со тоник, што најчесто се прави со ладно еспресо (или кое било друго кафе што се пие ладно), тоник и мраз.
Понекогаш се додаваат и додатоци како цреши, сок од калинка, сок од лимон, портокал или цитрон. Важно е што се подготвува во само три едноставни чекори, а е мошне освежително.
Потребни состојки:
- 170 ml тоник
- 60 ml ладно кафе
- Мраз
- Додатоци по желба: цреши, сок од калинка, цеден портокал или цитрон, цимет, мед, јаворов сируп, виски и џин.
Начин на подготовка:
За подготовка на ова кафе најважен е распоредот. Прво ставате мраз во чашата до врв и додатоци по желба. Потоа ставате тоник, а кафето го додавате полека.
Немојте да мешате и можете веднаш да го пиете. Тоа е тоа.
Детален видео рецепт за Тоник кафе:
Други рецепти и варијанти на кафето од Инстаграм
https://www.instagram.com/p/CNcVmykpl3b/
https://www.instagram.com/p/CNK3tFMh-4g/
Б. С. Б. | Црнобело