Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 најконсумирани алкохолни пијалаци во светот

„Алкохолот може да биде најлошиот непријател на човекот, но зарем Библијата не ни вели дека токму непријателот треба да го сакаме?“ - Френк Синатра.

10-najkonsumirani-alkoholni-pijalaci-vo-svetot 01 630x340.jpg

Веројатно повеќето од вас би се согласиле дека алкохолните пијалаци навистина знаат како да го „поправат“ нашиот ден, а честопати и нашата вечер.

Секој има своја омилена алкохолна пијачка во чие консумирање навистина ужива, без разлика дали станува збор за забава или пак опуштање со добра книга или филм во својот дом.

Кај нас, како најистакнати може да ги издвоиме: пиво, вино, ракија, вотка, узо и виски.

Но, дали нашиот избор е ист како остатокот од светот?

Во продолжение ви ги претставуваме 10-те најконсумирани и најпопуларни пијалаци во светот:

1. Пиво 

За никого не е изненадување што пивото ја зазема првата позиција. Веројатно повеќето консумирачи на алкохол, започнуваат токму со овој пијалак.

Причината за популарноста на пивото е пред сѐ неговата лесната достапност, затоа што овој алкохол може да се најде секаде.

Исто така, се смета дека пивото е еден од најевтините алкохоли и е одличен разладувач во летните денови. Негови основни состојки се: вода, слад, семе и квасец.

10-najkonsumirani-alkoholni-pijalaci-vo-svetot 02 630x355.jpg

2. Рум и Coca Cola

Зачудувачки зар не? Овој вид на коктел потекнува од почетокот на 20 век во Куба, откако таа ја освои својата независност во шпанско-американската војна.

Последователно, овој пијалак стана популарен не само низ Куба, туку особено во САД и другите земји.

Неговиот едноставен рецепт и евтините, сеприсутни состојки го направија еден од најпопуларните алкохолни пијалаци во светот.

Критичарите за пијалаци често го сметаат за просечен пијалак, но тоа не ги спречува румот и кока колата да бидат „партнерите“ кои сѐ уште го делат второто место за најконсумиран алкохол во светот.

10-najkonsumirani-alkoholni-pijalaci-vo-svetot 03 630x426.jpg

3. Вотка и портокал

Еден од најлесните алкохолни пијалаци. Добрата работа е што алкохолот речиси и да не се чувствува, а лошата дека можете побргу да се опијаните.

Микс комбинацијата на вотка и сок од портокал е навистина една од најактуелните не само низ светот, туку и кај нас.

Самата вотка е алкохолен пијалак со прилично високо ниво на алкохол, околу 40%, такашто додавањето на сок од портокал е полн погодок.

10-najkonsumirani-alkoholni-pijalaci-vo-svetot 04 630x338.jpg

4. Текила

Дали сте подготвени за мала алкохолна „бомба“ придружена со сол и лимон? Овој алкохол како што би рекле ние се пие „на екс“.

Исто така, се вели дека текилата умее за вистина брзо време да го промени вашето расположение и начинот на кој се чувствувате.

Таа потекнува од истоимениот град Текила, северозападно од Гвадалахара.

10-najkonsumirani-alkoholni-pijalaci-vo-svetot 05 630x473.jpg

5. Маргарита 

Најпрочуениот коктел базиран на текила кој потекнува од Мексико. Потребните состојки за овој коктел се: текила, сок од зелен лимон, ликер од портокал, сол и мраз.

По правило, чашата во која овој коктел се послужува треба да биде во форма на инка.

10-najkonsumirani-alkoholni-pijalaci-vo-svetot 06 630x420.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот) Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg