10 најконсумирани алкохолни пијалаци во светот
6. White Russian/ Бел руски коктел
Бел руски коктел е коктел направен со вотка, кафе, ликер, крем и мраз. Честопати како алтернатива за кремот се користи млекото.
Традиционалниот коктел е познат како Црн руски коктел, кој за првпат се појавува во 1949 година, но подоцна со додавањето на кремот тој го менува своето име.
Се претпоставува дека овој пијалак потекнува од Калифорнија, но своето име го добил по неговата примарна состојка, вотката.
7. Sex On The Beach
Повторно владее примарниот алкохолен пијалак: вотката.
Станува збор за прекрасна овошна комбинација чиј состав е следниот: вотка, сок од праска, сок од портокал и сок од брусница.
Овој коктел најчесто се консумира во текот на летните месеци.
8. Вино
Пијалак кој со сигурност кај нас би се борел за првото место, бидејќи станува збор за алкохол чиј вкус за речиси секој од нас е повеќе од познат.
Виното е алкохолен пијалак, обично создаден од ферментирано грозје.
Во зависност од различните сорти на грозје се создаваат и различни видови на вино.
Најконсумирани низ светот и кај нас се белото и црвеното вино.
9. Јегер
Јегермајстер преставува германски дигестив, односно алкохолен пијалак од категоријата на ликери кој се состои од 35% алкохол во кој се содржани 56 видови на растителни билки (треви и чаеви) и преставува главен производ на германската компанија Маст-Јегермајстер.
Пијалакот вклучува состојки од 56 билки, каде што спаѓаат плодови, корења, зачини, вклучувајќи и кора од цитрус, анасон, афионово семе, шафран, ѓумбир и женшен.
10. Апсинт
Апсинт е алкохолен пијалак, честопати погрешно нарекуван ликер, чија главна состојка е пелинот.
Апсинтот е познат по својата популарност во Франција, а особено романтичните асоцијации со париските уметници и писатели од 19-ти и 20 век, сè до неговата забрана во 1915 година.
Има сличен вкус на мастика, узо и други ликери, а негови главни состојки се: пелин, анасон, милодух, мелиса и римски пелин.
Мила М. | Црнобело