Хит-рецепт за освежување: Ледено кафе со банани (видео)
Овој рецепт ќе им стане омилен на оние што денот го започнуваат со кафе и банана.
Социјалните мрежи се местото каде што постојано се пробуваат и се споделуваат нови рецепти, а се чини дека најнов хит е рецептот за ледено кафе со банани.
Во минатото вистински хит беа далгона кафето и еспресо кафето, а годинава на повидок е нов тренд, кој ги освои корисниците ширум светот.
Станува збор за леденото кафе со банани, рецепт што брзо се прошири на ТикТок.
Доколку и вие сте од оние што денот го започнуваат со кафе и банана, тогаш овој рецепт навистина ќе ви се допадне.
Постапката е едноставна, а добивате пијалак што потсетува на смути, но содржи кафе.
Рецептите се разликуваат во поглед на тоа што некои корисници користат смрзнати банани, а други пак сакаат студено кафе, но во основа, рецептот за подготовка на овој хит утрински пијалак е следен:
Потребни состојки
- 2 зрели банани (смрзнати);
- 1 филџан студено инстант кафе со вода
Начин на подготовка:
Состојките се мешаат во блендер на најголема брзина додека не се добие изеданчена густа смеса.
Видео упатство:
@elliegervais My life will never be the same #bananaicedcoffee #icedcoffee #coffeetiktok #costarica #puravida #tropicalliving #surfergirl #swimwear #intuitiveeating #foodfreedom #weirdfoodcombos
♬ original sound - Ellie
Б. С. Б. | Црнобело