Едноставна 30-дневна диета со која ќе се ослободите од вишокот килограми, но и ќе го прочистите организмот
Ова е одлична диета за сите оние кои се во „вечна борба“ со килограмите бидејќи нема строг распоред на исхрана, туку само треба да се прдржувате до некои едноставни правила. Резултатот освен што е слабеење, исто така е и прочистување на организмот.
30-дневната диета е ефикасен начин на слабеење каде што се елиминираат шеќерот, брашното, алкохолот и преработената храна.
Овој план на исхрана е создаден во 2009 година, од страна на Мелиса Хартвинг Урбан и Далас Харвинг.
Она што ја прави диетата добра е тоа што не мора строго да се придржувате до одреден распоред, туку можете да јадете што сакате, сè додека ги избегнувате „забранетите“ намирници.
Што можете да јадете во текот на 30-те дена?
- Сите видови зеленчук, вклучително и компири
- Овошје (сите видови)
- Морска храна како риба, ракчиња и школки
- Месо: говедско, пилешко, свинско (но не пржено, туку печено и варено)
- Ореви и семиња
- Јајца
- Маслиново и кокосово масло
- Црно кафе
Во наредните 30 дена избегнувајте:
- Алкохол
- Млечно призводи
- Житарки (пченка, ориз, пченица)
- Шеќер и благи работи
- Мешунки (грав, леќа, грашок, соја)
- Тестенини
- Леб
- Преработена храна и пецива
- Помфрит, грицки и чипс
Што може да користите дополнително во оваа диета?
- Путер во мали количини
- Свежо цедени сокови
- Оцет и балсамико
- Производи од кокос – кокосова вода, кокосов сируп
- Јодирана сол
Неколку примери и идеи за оброци
Појадок:
- Кајгана со спанаќ или блитва
- Варено пилешко со зеленчук на скара
- 2 варени јајца и свеж зеленчук како пиперки, домати...
- Мафини од јајца со пиперка и спанаќ
Ручек:
- Туна салата со марула, краставица и кромид
- Месо со варени/печени компири
- Пилешка салата со бадем
Вечера:
- Риба и тиквички на скара
- Свежа салата од рендано цвекло, морков, целер, јаболка и ореви
- Говедско месо со карфиол и брокула
Не се оптеретувајте со мерење на вага бидејќи килограмите сами по себе ќе се регулираат, а вие ќе се чувствувате свежи и полни со енергија.
Бидејќи станува збор за голема промена во начинот на исхрана, препорачливо е да се консултирате со лекар пред да ја почнете диетата.
М. У. Т. | Црнобело / фото: freepik.com