„Ја пробав диетата на Кејт Мидлтон - пие смути што мириса на мочуриште, но од него лицето ѝ блеска“
„На вкус не беше толку лошо, но ако Кејт го пие тоа смути секој ден, навистина заслужува почит“ – вели новинарката која се обидела да ги рекреира рецептите што принцезата од Велс секојдневно ги јаде. Интересно, но според истражувањето, Кејт подготвува храна со продукти достапни во сите маркети.
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон е позната по тоа што промовира здрав начин на живот, има добар стил на облекување, а се смета дека нејзиниот добар изглед се должи на здравата диета. Едноставно, таа остава добар впечаток каде и да се појави, а многумина коментираат за нејзината витка линија и совршениот изглед на телото.
Недамна, во повеќе медиуми беа откриени повеќе рецепти што наводно Кејт сама ги подготвува секојдневно и кои ѝ помагаат да се одржи во топ форма.
Новинарката Ивана Финч се обидела да проба каков е вкусот на храната што Кејт Мидлтон секојдневно ја консумира и своите впечатоци ги споделува во текст за британските медиуми.
Во продолжение нејзиниот текст го пренесуваме во целост:
„Откако дописниците блиски до Кејт Мидлтон открија како изгледа нејзината секојднавна диета се обидовме да ги рекреираме нејзините рецепти со нормален буџет. Иако не е во целост вегетаријанска, сфативме дека нејзината балансирана диета во голема мера е сконцентрирана на растенија.
Можеби е неверојатно тоа што таа како кралска дама и мајка секогаш конзумира домашно приготвена храна, каде се вклучени и здравата каша за појадок, но и смути од суперхрана – мешавина што вклучува голем број зелени растенија.
Состојките во рецептот вклучуваат: кел, спанаќ, марула (мини романа), мача, боровинки, спирулина и коријандер. Прво се прашав: ‘што е спирулина?’, а откако по повеќе пребарувања на Google и коментарите на форумите забележав дека сите коментираат дека мириса на мочуриште, навистина бев загрижена.
Најголемиот број состојки ги најдов во маркет и иако бев загрижена дека тешко ќе најдам спирулина, сфатив дека не сум во право, затоа што може да се најде во сите поголеми маркети, во одделот за здрава храна.
Го подготвив смутито, што навистина наликуваше на зелен пијалак, со мали сини точки, заради боровинките и изгледаше здраво, но вкусот е сосема поинаква приказна.
Мора да признаам дека пијалакот мирисаше здраво, но аромата на алги се чувствуваше низ целата кујна и сфатив на што мислат луѓето кога го споредуваат со ‘мочуриште’. На вкус не беше толку лошо, како што тврдат многумина, но ако Кејт го пие тоа секој ден, навистина заслужува почит.
За ручек, направив разнобојна салата со лубеница, во која имаше голем број овошја и зеленчуци богати со антиоксиданси.
Освен лубеница, во салатата ставив авокадо, кромид, краставица и фета сирење. Повторно, беше мошне лесно за подготовка и бев навистина изненадена колку добро различните вкусови се надополнуваат.
На крај, за вечера, дописниците спомнаа повеќе јадења што Кејт сака да ги јаде, иако нејзиното омилено јадење е традиционалното печено месо, не сакав тоа да го подготвувам само за себеси. Така, второ најдобро јадење на списокот беше кари.
Да, добро слушнавте – наводно Кејт обожава да јаде зачинета храна, иако претходно тврдеше дека нејзиниот сопруг, принцот Вилијам не сака такви јадења. Со оглед на тоа што и самата рече дека индиската храна ѝ е омилена, одлучив да приготвам еден рецепт што е познат како вегетаријанско зачинето кари по рецептот на Кејт Мидлтон.
Здравото кари е надополнето со леблебија и спанаќ. Предноста на ова јадење е што е лесно, брзо за подготовка и најголемиот број состојки се достапни во маркетите.
Со додатокот од варен ориз ова беше лесно и здраво јадење.
Сѐ на сѐ, со диетата на Кејт Мидлтон веднаш ќе почнете да чувствувате дека ќе ви се подобри здравјето, и, ако гласините се точни дека таа навистина пие такво зелено смути секое утро, станува јасно зошто нејзината кожа блеска.
Салатата од лубеница е одлична за консумирање кога надвор е топло. Нејзината секојдневна исхрана може лесно да се подготвува со продукти што ги има во сите супермаркети и тоа значи дека сите може да ги консумираат – ако немате проблем со смрдливите алги“.
Б. С. Б. | Црнобело