Диетата со која Ана Николиќ ослабе 50 килограми по породувањето – што јаде пејачката?
Српската пејачка Ана Николиќ изгледа слично како и на почетокот на кариерата, па повеќе речиси и да заборавија дека по породувањето со ќерката Тара таа долго време водеше вистинска битка со килограмите. Дури добива и критики дека изгледа преслабо... Која е диетата со која таа го доведе во форма телото?
фото: YouTube принтскрин
Благодарение на советите од нутриционист и режимот на исхрана до којшто строго се придржува, Ана Николиќ успеа да ослаби речиси 50 килограми, а неодамна откри и во што е нејзината тајна.
„Најважно е внесувањето течности. Имам своја утринска рутина. Станувам и пијам две чаши вода. Некогаш со лимон, а некогаш без.
Потоа следува мојот појадок, а најчесто тоа е јајце на око со домати или некој друг зеленчук. Некогаш можеби и само свежа салата или снегулки. За ручек јадам бело месо или риба со варен зеленчук.
Ги исфрлив јаглехидратите и се држам до дневно внесување од 1.000 до 1.200 калории.
Целосно се откажав од десертите и од црвено месо, освен риба. Ако ептен ми падне шеќерот, тогаш земам лажичка Нутела и замислувам дека сум ја изела цела. Слабеењето повеќе бара психички напор“ – откри таа во една изјава.
Како што вели, кога човек ќе одлучи дека сака да промени нешто, тогаш ќе успее. Ана открива дека во првите месец дена било мошне тешко, но се навикнала.
Таа открива дека ако ѝ се јаде во доцните вечерни часови најчесто јаде зеленчук, како морков, краставица или само зелена салата.
„Колку помалку има сол, толку подобро. Пијам од 2 до 3 литри вода дневно. Некогаш и 4“ – откри Ана.
Во продолжение проследете го менито на Ана Николиќ и секако пред да почнете да се придржувате до некој план за исхрана или диета прво консултирајте се со лекар или стручно лице.
Идеи за појадок:
- 2 јајца на око со домати
- Јогурт со овесни снегулки и 1 парче овошје
- Јаболко или една рака ореви
- Кајсии/ цреши со јогурт
Идеи за ручек:
- Супа од брокула
- Пржени пиперки со ориз
- Лосос и спанаќ
- Печурки со кромид и бело месо
- Зелена салата со туна/ шкампи
- Зеље со риба
Вечера:
- Јогурт или
- овошје
Б. С. Б. | Црнобело