Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Пиев јаболков оцет секое утро, цел месец – дали ослабев?“

„Првиот ефект што го забележав беше дека јаболковиот оцет ми го намали апетитот, ми помогна со варењето на храната, а по еден месец, стомакот ми беше благодарен“ – тврди авторката која еден месец пиела јаболков оцет. Какви ефекти забележала и дали ќе продолжи да пие јаболков оцет во иднина?

dali-receptot-za-slabeenje-na-nashite-babi-deluva-piev-jabolkov-ocet-eden-mesec-shto-se-sluchi-01.jpg

Трикот за витка линија на нашите баби бил во јаболковиот оцет. Тие честопати знаат да кажат дека секое утро додека биле млади пиеле по една лажица јаболков оцет за да бидат слаби, а овој метод денес се чини дека е заборавен.

dali-receptot-za-slabeenje-na-nashite-babi-deluva-piev-jabolkov-ocet-eden-mesec-shto-se-sluchi-03.jpg

Новинарката на порталот „Eat This, Not That“ Кајла Гаритано одлучила во период од еден месец да пие јаболков оцет и да види што ќе се случи, како делува оваа метода за слабеење и каков ефект  ќе има на нејзиното целокупно здравје.

dali-receptot-za-slabeenje-na-nashite-babi-deluva-piev-jabolkov-ocet-eden-mesec-shto-se-sluchi-02.jpg

Нејзиното искуство ви го пренесуваме во целост:

„Јаболковиот оцет е сок од јаболко што двапати ферментирал. Вообичаено луѓето го пијат од здравствени причини и за да ослабат. Јаболковиот оцет содржи повеќе природни бактерии и габички, што може да се забележат во белиот талог што се собира во шишето.

Еден месец секое утро пиев јаболков оцет и забележав повеќе промени во моето тело, но, мора да признам дека не ослабев.

Јаболковиот оцет има мошне силен вкус и може да биде тежок за пиење. По поголемо истражување најдов рецепт за пијалак со јаболков оцет до кој се придржував:

240ml топла вода;
1 голема лажица органски мед;
прстофат цимет;
2 големи лажици органски јаболков оцет.

dali-receptot-za-slabeenje-na-nashite-babi-deluva-piev-jabolkov-ocet-eden-mesec-shto-se-sluchi-04.jpg

Вкусот на јаболковиот оцет стана поподнослив, а медот и циметот исто така ми помогнаа за подобрување на мојата здравствена состојба. 

Овој пијалак го пиев секое сабајле, кога ќе се разбудам со цел да го прочистам телото и да ми помогне со варењето, но веднаш по него морав да се напијам кафе за да можам да го продолжам денот.

Не направив никаква промена во исхраната, а на првиот ден кога го започнав експериментот се измерив и ја запишав сопствената тежина. Секоја недела проверував дали сум ослабела и дали пијалакот има некаков ефект.

dali-receptot-za-slabeenje-na-nashite-babi-deluva-piev-jabolkov-ocet-eden-mesec-shto-se-sluchi-06.jpg

Првиот ефект што го забележав беше дека јаболковиот оцет ми го намали апетитот. Иако секој ден имав по три оброци, не се чувствував прегладнето во текот на денот, намалив на грицките и консумирав помалку храна за време на оброците.

Иако тоа што намалив на нездравата храна и помалите порции само по себе може да придонесат за намалување на килограмите, мора да се напомене дека јаболковиот оцет не е „храна“ што ги топи килограмите, туку само ви помага во тоа.

Сам по себе јаболковиот оцет не ми помогна да ослабам, но верувам дека ако го комбинирав со добра диета и вежбање ќе ми помогнеше.

Да јадев помалку калорична храна и да вежбав редовно, верувам дека ќе имав сосема поинакви резултати на вагата.

dali-receptot-za-slabeenje-na-nashite-babi-deluva-piev-jabolkov-ocet-eden-mesec-shto-se-sluchi-05.jpg

Забележав дека јаболковиот оцет ми помогна и за варењето на храната. Се знае дека тој помага да се зголеми нивото на киселини во стомакот и да се подобри варењето, исто така помага да се намалат гасовите и подуеноста во стомакот. Како и да е, стомакот ми е благодарен за оваа одлука.

Во иднина не верувам дека ќе продолжам да пијам јаболков оцет, затоа што веќе по две недели не можев да дочекам овој експеримент да заврши.

Ме нервираше што секое сабајле морам да станам и да го подготвам пијалакот, но, секојпат кога ќе почувствувам дека ми треба прочистување на телото, тоа ќе биде мојот прв избор.“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Рецепт за смути од овес со кое се слабее до 10kg за 2 месеца е хит на социјалните мрежи  – Дали е бе... Дали е безбедно да го пиете смутито кое на социјалните мрежи е познато под името...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета? Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg