Блескаво лице за 3 дена: „Периконе“ диетата го забавува стареењето и ја затегнува кожата

„Кожата ми изгледа подобро и се чувствувам поубаво, лицето не ми е толку подуено. Чувствувам како сите токсини да се исчистени“ – вели блогерката Линда Хортон по само 3 дена придржување до Периконе диетата до која се придржува и кралицата Летиција од Шпанија.

do-bleskavo-lice-za-samo-3-dena-perikone-dietata-go-zabavuva-stareenjeto-i-ja-zategnuva-kozhata-01.jpg

Познатата „Периконе“ диета е дело на докторот Николас Периконе, за која тој детално говори во неговата книга The Perricone Prescription: A Physician’s 28-Day Program for Total Body and Face Rejuvenation, а се смета дека до овој план за исхрана се придржува и кралицата Летиција од Шпанија и дека тоа е тајната за нејзиниот младешки изглед.

Оваа диета има анти-воспалително дејство, а наводно ја затегнува кожата и ги намалува ефектите од стареењето.

do-bleskavo-lice-za-samo-3-dena-perikone-dietata-go-zabavuva-stareenjeto-i-ja-zategnuva-kozhata-02.jpg

Диетата во основа трае 28 дена, а популарна е и т.н. тридневна „периконе“ диета, која ветува драстични промени во изгледот, но и во целокупното чувство.

Според официјалната веб-страна за диетата, оваа три-дневна исхрана се препорачува како пробен период во кој можете брзо да ги увидите резултатите, што ќе ве натераат да продолжите со 28-дневниот план за исхрана на д-р Периконе.

do-bleskavo-lice-za-samo-3-dena-perikone-dietata-go-zabavuva-stareenjeto-i-ja-zategnuva-kozhata-03.png

По тридневното придржување до „периконе“ диетата треба да забележите намалување на килограмите, но и подобрување на изгледот на кожата.

Блогерката Линда Хортон во 2019-та година ја пробала оваа диета и вели дека е задоволна од резултатите.

„Третиот ден повторно спиев како бебе. Сметам дека тоа е поради тоа што не пијам кафе и дефинитивно ќе продолжам да пијам зелен чај.

Кожата ми изгледа поубаво и се чувствувам поубаво, лицето не ми е толку подуено. Чувствувам како сите токсини да се исчистени, особено во мојот стомак. Загубив околу 1 kg за три дена“ – вели таа.

Оваа диета е мошне популарна и затоа што не е премногу комплицирана, а сè што треба да направите е да го следите овој едноставен распоред на исхрана.

Истата храна треба да ја консумирате во текот на три дена.

Погледнете го во продолжение деталното мени препорачано од доктор Периконе:

Појадок

  • Омлет со 3 јајца или 120 до 170 g лосос печен на скара;
  • 80g овесна каша (не инстант);
  • Парче диња со дебелина од околу 5cm и 50g свежи бобинки;
  • Не смеете да консумирате леб, кафе или сок, а доколку имате потреба од кофеин слободно можете да земете зелен или црн чај;
  • Од 250 до 350 ml минерална вода.

do-bleskavo-lice-za-samo-3-dena-perikone-dietata-go-zabavuva-stareenjeto-i-ja-zategnuva-kozhata-06.jpeg

Ручек

  • 120 до 170 g печен лосос на скара (или лосос од конзерва);
  • 30g зелена салата (марула со прелив од маслиново масло и свежо цеден лимонов сок);
  • 1 киви или парче диња со дебелина од околу 5cm и 50g свежи бобинки;
  • Од 250 до 350 ml минерална вода.

do-bleskavo-lice-za-samo-3-dena-perikone-dietata-go-zabavuva-stareenjeto-i-ja-zategnuva-kozhata-05.jpeg

Вечера

  • 120 до 170 g печен лосос на скара;
  • 30g зелена салата (марула со прелив од маслиново масло и свежо цеден лимонов сок);
  • Зеленчук подготвен на пареа (аспарагус, брокула, спанаќ, а никако не смеете да консумирате зеленчуци од корен како компир, моркови, цвекло, бел морков);
  • Парче диња со дебелина од околу 5cm и 50g свежи бобинки;
  • Од 250 до 350 ml минерална вода.

do-bleskavo-lice-za-samo-3-dena-perikone-dietata-go-zabavuva-stareenjeto-i-ja-zategnuva-kozhata-04_copy_resize.jpeg

Ужина пред спиење

  • 1 јаболко;
  • 50g мисиркини гради;
  • 180ml јогурт;
  • 1 рака јаткасти плодови (лешници, ореви или бадеми)

bleskavo-lice-za-3-dena-perikone-dietata-go-zabavuva-stareenjeto-i-ja-zategnuva-kozhata-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg