Како да слабеете здраво? Исхрана според биоритамот

Повеќето диети се занимаваат со тоа што и колку количински треба да јадете, притоа запоставувајќи го фактот во кое време треба да се зема храната.

kako-da-slabeete-zdravo-ishrana-spored-bioritamot-01.jpg

Меѓутоа, поборниците за здрава исхрана според биоритамот, прават нешто поинакво: јадат што ќе посакаат, но во строго ограничено време.

Кога е најдобро да јадете и што, според нутриционистите? Ова е деталниот план на исхрана:

Од 6 до 10 часот наутро, желудникот и цревата се максимално активни. Токму тогаш е право време да појадувате и малку потешка храна. Кога го подготвувате појадокот, подгответе и една чаша вода со 1 лажичка сок од лимон и 1 лажичка мед. Испијте ја на гладно.

За појадок јадете храна богата со влакна, јаглехидрати и белковини. Тогаш храната комплетно се апсорбира и се претвора во енергија. Не се залажувајте со каши и овес, првиот оброк треба да биде кралски.

kako-da-slabeete-zdravo-ishrana-spored-bioritamot-02.jpg

Од 9 до 13 часот е време за голем ментален напор и лесна ужина. Чајот со рака шумско овошје, лесен јогурт или банана е сосема доволно.

kako-da-slabeete-zdravo-ishrana-spored-bioritamot-03.jpg

Од 13 до 15 часот, цревата и желудникот се повторно активни. Тоа е време телото е богато со ензими кои ги разложуваат шеќерите и скробот. Не се плашете од порција 150g месо, пилешко или риба, гарнирани со зеленчук.

kako-da-slabeete-zdravo-ishrana-spored-bioritamot-04.jpg

Од 16 до 17 часот се активира системот за излачување, па ова е идеален период за спортска активност. Не заборавајте и да ги надокнадите изгубените течности.

Помеѓу 17 и 19 часот, време е за лесна вечера. Идеално би било да каснете запечен зеленчук со риба или пилешко, младо сирење и незасладено овошје. Имајте на ум дека вечерата треба да биде половина количина од појадокот.

kako-da-slabeete-zdravo-ishrana-spored-bioritamot-05.jpg

По 19 часот се забавуваат сите процеси, па ако случајно почувствувате глад додека си легнете, доволно е да се напиете чаша кефир или неколку шолји чај од билки, без мед или шеќер.

kako-da-slabeete-zdravo-ishrana-spored-bioritamot-06.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
7-дневно мени со здрави оброци од нутриционистка (погодно е и за дијабетичари) Следејќи го ова мени, ќе ги задоволите вашите нутритивни потреби, а ќе уживате в...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg