Цитрон диета – ензимите од цитронот помагаат да загубите 5 килограми за 10 дена
Диетата позната како „Цитрон диета“ или „Грејпфрут диета“ е една од најстарите диети во светот. Се смета дека луѓето ја применувале уште во 30-тите години на минатиот век.
Според тврдењата, овошјето со киселкасто-горчлив вкус содржи ензими што кога ги консумираме пред да внесеме храна помагаат во согорувањето на мастите.
Диетата има повеќе варијации, но според основниот план трае 10 до 12 дена и во тој период ви помага да загубите до 5 килограми (секако, тоа зависи од метаболизмот, бидејќи секое тело е различно).
Пред да почнете со оваа диета, бидете сигурни дека ги сакате цитроните, затоа што буквално, со секој оброк треба да внесувате цитрон или цеден сок од цитрон.
Основниот план на диетата вклучува намалување на внесувањето на шеќери и јаглехидрати (ориз, компири и тестенини). Избегнување одредена храна, како целер и кромид.
Консумирање повеќе храна што е богата со протеини и масти (како јајца и месо). Голем дел од варијантите на оваа диета вклучуваат и намалување на бројот на внесени калории, а оние најригорозните варијанти предвидуваат и само 800 калории дневно.
Додека ја држите оваа диета дневно пиете по 8 чаши вода и само еден филџан кафе. Исто така, мора да земете предвид дека не треба да консумирате премногу топла или премногу студена храна.
Додека ја држите оваа диета можете да користите путер за подготовка на храната како и прелив за салата. Храната можете да ја подготвувате како сакате, па дури и да ја пржите. Важно е дека сокот од цитрон не смее да биде засладен.
Напомена: Оваа диета не смеете да ја држите повеќе од 12 дена и не ја почнувајте без консултација со лекар - не секој може да ја поднесе.
Како изгледа менито за првите три дена (по завршувањето на третиот ден почнувате пак од почеток):
Појадок:
Појадокот е ист секој ден и се состои од:
- 2 варени јајца
- 2 парчиња сланина
- 250 ml цеден сок од цитрон или 1/2 цитрон
- кафе или чај
Прв ден:
Ручек:
- 1/2 цитрон или 250 ml цеден сок од цитрон
- Говедско, пилешко месо или риба во колкава сакате количина
- Салата од домати
Вечера:
- ½ цитрон или 250 ml цеден сок од цитрон
- Пржена риба во колкава сакате количина
- Мешана салата од домати и зелена салата
Втор ден:
Ручек:
- ½ цитрон или 250 ml цеден сок
- овошна салата
Вечера:
- ½ цитрон или 250 ml цеден сок
- Плескавица
- Варено овошје
Трет ден:
Ручек:
- ½ цитрон или 250 ml цеден сок
- Туна салата
Вечера:
- ½ цитрон или 250 ml цеден сок
- 2 не многу мрсни парчиња свинско месо
- Зелена салата
Ужинка:
Секоја вечер пред спиење можете да земете ужинка која се состои од 250 ml сок од домати или 250 ml обезмастено млеко.
Храна која можете да ја консумирате слободно за време на диетата со оброците:
Пиперки, брокула, житарки, пченка, спанаќ, црвен кромид и краставички.
Храна која треба да ја избегнувате за време на диетата:
Леб, зелка, моркови, лути пиперки, грашок, млад кромид, виршли, марула, мајонез, грашок, компири, бел кромид.
НАПОМЕНА: Заради едноличната исхрана и недостатокот на многу намирници и хранливи состојки, диетата не смее да се држи подолго од 12 дена, но не смеете ниту да ја почнувате без консултација со стручно лице, зависно од вашата здравствена состојба.
Б. С. Б. | Црнобело