Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Диета за „чистење“ со омиленото зимско овошје – мандарини

Ако празничната еуфорија во домашна атмосфера ве „удри“ на јадење, време е да го пробате детоксот со помош на мандарини.

dieta-za-chistenje-so-omilenoto-zimsko-ovoshje-mandarini-02.jpg

Мандарините се полни со витамини, одлични се за работата на цревата, го алкализираат телото, богати се со антиоксиданси и го намалуваат нивото на стрес – токму тоа што ни треба после празниците.

Како се спроведува диетата за чистење со мандарини? Ова се неколку правила:

- Не смее да се држи подолго од 2 до 3 дена.

- Не ги консумирајте мандарините на празен стомак. Пијте 1,5 до 2 литри вода на ден за да бидете хидрирани.

- Подгответе се за диетата неколку дена однапред – постепено намалете ги калориите кои ги внесувате и намалете го консумирањето на тешка храна, печива, зачини, за да не му направите шок на телото...

- Дозволен е 1 килограм мандарини дневно, не повеќе.

dieta-za-chistenje-so-omilenoto-zimsko-ovoshje-mandarini-01.jpg

Менито отприлика би изгледало вака:

1 чаша млака вода штом се разбудите, па потоа појадок од 2 варени јајца и 2 мандарини. Може да додадете малку интегрален леб.

За ручек 1 чинија пилешка супа без тестенини или сварено бело месо со пиперки, краставици, домати или моркови.

За ужина 2 мандарини.

Вечерата би требало да се состои од зелена салата со свеж зеленчук.

За време на диетата треба да го следите телото и како тоа одговара на промената на исхраната.

Не ја започнувајте оваа детокс диета доколку имате проблеми со бубрезите, цревата, дебелото црево или жолчното ќесе, како и ако патите од гастритис.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е лунарна (месечева) диета + на кои датуми се држи во 2025-та? Лунарната (или месечева) диета претставува 24-часовен пост според месечевите фаз...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета? Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg