Новитети од Виталиа: КЕТО - нов тренд за здраво слабеење

Дали сте слушнале за КЕТО диетата, моментално најпопуларната кетогена исхрана во светот? Кој и да  ја испроба, е воодушевен од резултатите затоа што овозможува брзо губење на тежината и насочено слабеење - односно топење на масните наслаги. Она што најмногу им се допаѓа на сите е едноставноста на оваа диета и фактот дека не мора да гладувате.

noviteti-od-vitalia-keto-nov-trend-za-zdravo-slabeenje-1.jpg

Што всушност е КЕТО исхрана?

Доколку се одлучите за оваа диета, ќе консумирате најмала можна количина јаглехидрати и висок процент на здрави масти. Во бројки, тоа би изгледало вака - 75% масти, 20% протеини, 5% јаглехидрати.

Всушност, наместо храна богата со јаглехидрати, се консумира храна богата со масти и протеини.

Овој светски тренд во исхраната го следи најреномираниот производител на здрава храна „Виталиа“, која  прва во регионот разви линија на КЕТО производи, со врвен квалитет и уникатен состав.

Пронајдете сè што ви треба за КЕТО исхраната на полиците во вашиот маркет. Изберете КЕТО мусли Виталиа, кои имаат висока содржина на масти, се богати со протеини и растителни влакна и има само 3 грама јаглехидрати. Нема да биде лесно да се избере помеѓу трите вкусови – КЕТО Гранола со јаткасто овошје и цимет, КЕТО гранола со кокос, какао и чоколадо или пак КЕТО мусли со јаткасто овошје и семиња. Овие мусли ќе ви обезбедат 15-17% од дневните енергетски потреби.

noviteti-od-vitalia-keto-nov-trend-za-zdravo-slabeenje-2.jpg

Верувале или не, во рамките на КЕТО линијата на „Виталиа“ има и вкусен здрав десерт - КЕТО пралине. Оваа идеална закуска е мешавина од квалитетно темно чоколадо, путер од кикирики и крцкави јатки. Со мала содржина на јаглехидрати, задоволува 7% од вашите дневни енергетски потреби.

Постојат и КЕТО крекери. Тие имаат 6 видови семиња - супер храна, а посебни ги прави фактот што се збогатени со протеин од грашок и арома од оригано. Тие најдобро се комбинираат со разни сосови и намази и ќе ви обезбедат 6% од дневните енергетски потреби.

Се прашувате како новата КЕТО диета ќе го подобри вашето здравје?

Овој вид диета ќе го подобри вашето кардио и ментално здравје, односно функцијата на мозокот. Исто така, ќе се намалат нивоата на триглицериди и ризикот од кардиоваскуларни болести.

Консумирајќи голема количина протеини, ќе го забрзате закрепнувањето на мускулното ткиво и со тоа ќе се поддржи работата на мускулите.

Поради нискиот внес на јаглехидрати, КЕТО диетата е добра за контрола на дијабетесот, бидејќи не предизвикува драстични скокови на нивото на гликоза во крвта и ги намалува нивоата на инсулин.

Кето исхраната исто така ќе ја намали појавата на акни, бидејќи нејзините состојки не предизвикуваат проблеми со кожата.

Чувајте го вашето здравје и за време на  диета и слабеење, а во тој процес,  КЕТО производите од „Виталиа“ ќе бидат вашите најдобри сојузници!

Би можело да ве интересира:

Подгответе се за лето: Седумдневниот план за исхрана со кој Милица Павловиќ ослабе 10kg за 2 недели Која е диетата што ѝ помогна на Милица Павловиќ да ослабе 10kg за 2 недели. Како...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg